Makita DCE090 Instruction Manual page 56

Cordless
Hide thumbs Also See for DCE090:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6.
Не заглавувајте го тркалото и не притискајте
прекумерно. Не обидувајте се да сечете
предлабоко. Пренапрегнувањето на тркалото
го зголемува оптоварувањето и можноста
за извиткување или лепење на тркалото во
засекот, а со тоа и можноста за повратен удар
или кршење на тркалото.
7.
Кога тркалото се лепи или кога сечењето се
прекинува поради нешто, исклучете го алатот
и држете го неподвижен додека тркалото
не сопре целосно. Не обидувајте се да го
извадите тркалото од засекот додека тоа се
движи, инаку може да дојде до повратен удар.
Испитајте и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
8.
Не почнувајте со сечењето повторно
додека тркалото е во работниот материјал.
Оставете тркалото да достигне полна
брзина и внимателно влезете повторно
во засекот. Тркалото може да се залепи, да
осцилира или да дојде до повратен удар ако
електричниот алат се активира повторно во
материјалот.
9.
Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на тркалото и повратен
удар. Големите парчиња материјал обично
се виткаат од сопствената тежина. Држачите
треба да се стават под материјалот, близу до
линијата на сечење и до работ на материјалот
од двете страни на тркалото.
10. Бидете особено внимателни кога
засекувате во постојни ѕидови или други
слепи подрачја. Тркалото, за време на
навлегувањето, може да исече водоводни или
цевки за плин, електрични инсталации или
предмети што може да предизвикаат повратен
удар.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
Пред да употребите сегментирано
1.
дијамантско тркало, осигурете се дека
дијамантското тркало има периферно
растојание од 10 мм или помало, само со
негативен агол.
2.
Никогаш не обидувајте се да сечете со
алатот додека го држите стегнат во менгеме
наопаку. Тоа е многу опасно и може да
доведе до сериозни несреќи.
3.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат токсични. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
4.
Складирајте ги тркалата во согласност со
препораките на производителот. Ако се
складираат несоодветно, тркалата може да
се оштетат.
5.
Секогаш користете го тркалото што е
соодветно за работата и за материјалот што
треба да се сече.
6.
Пред сечење, проверете го материјалот што
треба да се сече. Доколку материјалот содржи
експлозивни или запаливи супстанци, тој може
да предизвика експлозија или пожар.
7.
Не вклучувајте го алатот доколку помеѓу
штитникот и тркалото се заглави туѓ предмет.
Во овој случај, демонтирајте ја касетата за
батеријата и отстранете го туѓиот предмет.
Користете стеги или слично за да го
8.
поддржите работниот материјал секогаш
кога тоа е можно.
9.
При работата, секогаш носете заштита за
ушите.
10. Не сечете материјали од дрво со овој алат.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за
5.
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
На изложувајте ја касетата за
(3)
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте и не користете ги алатот
и касетата за батеријата на места каде
што температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
Не палете ја касетата за батеријата дури
7.
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
56 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents