Makita GA4050 Instruction Manual page 54

Hide thumbs Also See for GA4050:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
брусилката
Општи безбедносни предупредувања за
брусење, стругање, четкање со жица или
абразивно сечење:
1.
Овој алат е наменет да се користи за
брусење, стругање, четкање со жица или
абразивно сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
2.
Не се препорачува да се врши полирање со овој
алат. Операциите за кои алатот не е наменет може
да предизвикаат опасност и физички повреди.
Не користете додатоци што не се посебно
3.
одредени и препорачани од производителот
на алатот. Тоа што додатокот може да се
прикачи на вашиот електричен алат не значи
дека е безбеден за употреба.
4.
Номиналната брзина на додатокот мора
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоците што
се вртат побрзо од номиналната брзина може
да се скршат и да се распрскаат.
5.
Надворешниот пречник и дебелината
на додатокот мора да се во рамките на
нормалниот капацитет на алатот. Додатоците
со неправилна големина не можат соодветно
да се заштитат или контролираат.
Прочитајте ги сите
54 МАКЕДОНСКИ
6.
Монтажните додатоци со навој мора да
соодветствуваат на навојот на вретеното на
брусилката. За додатоци што се монтираат
со фланши, отворот за прицвстување на
додатокот мора да одговара на дијаметарот
на фланшата. Додатоците што не одговараат
на монтираниот хардвер на алатот ќе работат
без рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат губење на контролата.
7.
Не користете оштетени додатоци. Пред
секоја употреба, проверете ги додатоците
како што се абразивните тркала да не се
скршени или напукнати, подлошките да
не се напукнати, изабени или истрошени,
четките да нема откачени или искинати
жици. Ако алатот или додатокот ви падне,
проверете дали има оштетувања или
ставете неоштетен додаток. Откако ќе го
проверите и ќе го наместите додатокот,
поставете се себеси и околните лица
подалеку од рамнината на вртливиот
додаток и ракувајте со алатот при
максимална неоптоварена брзина една
минута. Оштетените додатоци обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
8.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, ракавици и работна престилка
што може да сопре мали отпадоци од
брусење или стругање. Заштитата за очи
треба да сопира разлетан отпад произведен
од работата. Маската за прашина или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
9.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој
што влегува во работното подрачје треба
да носи заштитна опрема. Парчиња од
обработуваниот материјал или од скршен додаток
може да одлетаат и да предизвикаат повреди
надвор од непосредното работно подрачје.
10. Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи каде што
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици или сопствениот
кабел. Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
11.
Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливиот додаток.
12. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
13. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ga4050rGa4550Ga4550rGa5050Ga5050r

Table of Contents