Makita TL064D Instruction Manual page 41

Cordless angle impact wrench
Hide thumbs Also See for TL064D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вметнувајте ја
касетата со батерии до крај додека не се
блокира во место. Ако можете да го видите
црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е целосно блокирана
во место. Вметнете ја целосно додека не се
прекрие црвениот индикатор. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако користите резервна
батерија за продолжување на работата,
оставете го алатот да мирува барем 15 минути.
Правилниот момент на затегнување може да се
разликува во зависност од видот или големината
на завртката, материјалот врз кој се работи итн.
Односот помеѓу моментот на затегнување и времето
на затегнување е прикажан на сликите.
Стандардна завртка
► Сл.16: 1. Време за стегање (секунди)
2. Вртежен момент 3. Правилен момент
на затегнување соодветен на секој
дијаметар на завртката
Завртка со голема издржливост на затегнување
► Сл.17: 1. Време за стегање (секунди)
2. Вртежен момент 3. Правилен момент
на затегнување соодветен на секој
дијаметар на завртката
За безжичниот аголен ударен
одвртувач
Држете го алатот цврсто и поставете го врвот од
бургијата во главата од шрафот. Турнете нанапред на
алатот доволно за бургијата да не се лизне од завртката
и вклучете го алатот за да започнете со работа.
► Сл.18
Вртежниот момент за стегање зависи од многу
фактори, вклучувајќи ги и следниве. По стегањето,
секогаш проверете го вртежниот момент со
динамометарски клуч.
1.
Кога батеријата е скоро целосно испразнета,
напонот ќе падне и моментот на затегнување
ќе се намали.
2.
Бургија за одвртување или приклучок за бургија
Ако не се користи точната големина на бургија за
одвртување или приклучок за бургија, може да
настане намалување на моментот на затегнување.
3.
Завртка
Иако коефициентот на вртежниот момент и
класата на завртката се исти, правилниот
вртежен момент за стегање ќе се разликува
во зависност од дијаметарот на завртката.
Иако дијаметрите на завртките се
исти, правилниот вртежен момент за
стегање ќе се разликува во зависност
од коефициентот на вртежниот момент,
класата на завртката и должината на
завртката.
4.
Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
5.
Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.
НАПОМЕНА: Користете ја соодветната бургија
за главата од шрафот/завртката што сакате да ја
користите.
НАПОМЕНА: Држете го алатот праволиниски во
однос на завртката.
НАПОМЕНА: Ако ударната сила е преголема
или ја стегате завртката подолго отколку што е
прикажано на сликите, завртката или врвот на
елементот на бургијата може да провртат, да
се соголат, оштетат итн. Пред да започнете со
работата, секогаш извршувајте тест-операција за
да го одредите соодветното време за стегање за
вашата завртка.
За безжичниот аголен ударен клуч
Цврсто држете го алатот и поставете го приклучокот
за удар над завртката или навртката. Вклучете го
алатот и стегајте толку време колку што е наведено.
► Сл.19
Вртежниот момент за стегање зависи од многу
фактори, вклучувајќи ги и следниве. По стегањето,
секогаш проверете го вртежниот момент со
динамометарски клуч.
1.
Кога батеријата е скоро целосно испразнета,
напонот ќе падне и моментот на затегнување
ќе се намали.
2.
Приклучок за удар
Ако не користите приклучок за удар со
правилна големина, вртежниот момент за
стегање може да се намали.
Изабен приклучок за удар (со изабени
краеви на шестоаголникот или квадратот)
може да предизвика намалување на
вртежниот момент за стегање.
3.
Завртка
Иако коефициентот на вртежниот момент и
класата на завртката се исти, правилниот
вртежен момент за стегање ќе се разликува
во зависност од дијаметарот на завртката.
Иако дијаметрите на завртките се
исти, правилниот вртежен момент за
стегање ќе се разликува во зависност
од коефициентот на вртежниот момент,
класата на завртката и должината на
завртката.
4.
Користењето универзален зглоб или
продолжно вратило донекаде може да ја
намали силата за стегање на ударниот
одвртувач. Тоа ќе го надоместите, така што ќе
стегате подолго време.
5.
Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
6.
Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.
41 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Tl065d

Table of Contents