Makita DLS110 Instruction Manual page 126

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS110:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
17. Ако работниот материјал или ножот се
заглават, исклучете ја аголната пила.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и
исклучете го кабелот од изворот на енергија
и/или извадете ја батеријата. Потоа пробајте
да го извадите заглавениот материјал. Ако
продолжите да пилате со заглавен работен
материјал, може да изгубите контрола врз
аголната пила или пак да ја оштетите.
18. По завршувањето на сечењето, отпуштете
го прекинувачот, држете ја главата на
пилата надолу и почекајте ножот да запре
пред да го отстраните отсеченото парче.
Опасно е да посегнувате со раката во близина
на движечкото сечило.
19. Држете ја цврсто рачката при правење
нецелосен рез или кога го отпуштате
прекинувачот пред главата на пилата да
е целосно во позиција надолу. Силата на
сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата одеднаш да се повлече
надолу, предизвикувајќи ризик од повреда.
20. Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот. Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
21. Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
22. Не користете ја пилата за сечење што било
друго освен дрво, алуминиум или слични
материјали.
23. (Само за европските држави)
Секогаш користете го сечилото што е во
согласност со EN847-1.
Дополнителни инструкции
1.
Направете ја работилница безбедна за деца
користејќи катанци.
2.
Никогаш не стојте врз алатот. Може да дојде
до сериозна повреда ако се преврти алатот или
ако ненамерно се допре алатот за сечење.
Никогаш не оставајте го алатот вклучен
3.
без надзор. Исклучете го напојувањето. Не
оставајте го алатот додека не запре целосно.
4.
Не работете со пилата ако не се поставени
штитниците. Проверувајте дали штитникот
на ножот е правилно затворен пред секоја
употреба. Не работете со пилата ако
штитникот на ножот не се движи слободно
и не се затвора веднаш. Никогаш немојте
да го стегнувате или врзувате штитникот на
ножот во отворена положба.
5.
Држете ги рацете надвор од патеката на
движење на ножот на пилата. Избегнувајте
допир со нож што врти слободно. Тоа сè
уште може да предизвика тешка повреда.
6.
За да се намали ризикот од повреда,
враќајте го носачот на последната задна
позиција по секоја операција на вкрстено
сечење.
7.
Секогаш фиксирајте ги сите подвижни
делови пред да го пренесувате алатот.
8.
Осигурувачот за стопирање, кој ја блокира
главата на секачот надолу, служи само
за пренесување и складирање, а не за
операции за сечење.
9.
Внимателно проверувајте дали ножот
е оштетен или има пукнатини пред да
започнете со работа. Ако е пукнат или
оштетен, заменете го ножот веднаш.
Наслагите и дрвените отпадоци кои
остануваат залепени на ножот, ја забавуваат
пилата и го зголемуваат потенцијалот за
повратен удар. Одржувајте го ножот чист
прво вадејќи го од алатот, потоа чистејќи го
со отстранувач на наслаги, врела вода или
керозин. Никогаш не користете бензин за
чистење на ножот.
10. При потезно сечење, може да се случи
ПОВРАТЕН УДАР. До ПОВРАТЕН УДАР може
да дојде кога ножот се сврзува со работниот
материјал за време на операцијата на
сечење и ножот на пилата брзо се движи
кон операторот. Тоа може да доведе до
губење на контролата врз алатот и сериозни
телесни повреди. Ако ножот почнува
да се сврзува за време на сечењето,
не продолжувајте со сечење и веднаш
отпуштете го прекинувачот.
11.
Користете само фланши наменети за овој алат.
12. Внимавајте да не ги оштетите вратилото,
фланшите (особено површината за монтирање)
или завртката. Оштетувањето на тие делови
може да доведе до кршење на ножот.
13. Осигурете се вртливата основа да е правилно
прицврстена за да не се движи за време на
работата. Користете ги дупките во основата
за да ја зацврстите пилата на стабилна
работна платформа или клупа. НИКОГАШ не
користете алат каде што позиционирањето на
операторот ќе биде непријатно.
14. Осигурете блокадата на оската да
е ослободена пред да го вклучите
прекинувачот.
15. Осигурете се дека ножот не е во допир
со вртливата основа кога е во најниска
положба.
16. Цврсто држете ја рачката. Имајте предвид
дека при стартување и запирање, пилата се
движи малку нагоре или надолу.
17. Внимавајте ножот да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
прекинувачот.
18. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Проверете дали има вибрации
или осцилации што може да укажуваат на
лошо монтирање или неизбалансиран нож.
19. Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
20. Не обидувајте се да го блокирате
прекинувачот во положбата „ВКЛУЧЕНО".
21. Секогаш користете додатоци што се
препорачани во ова упатство. Користењето
несоодветни додатоци, како што се
абразивните тркала, може да предизвика
повреда.
126 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls111Dls112

Table of Contents