Makita 4101RH Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for 4101RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на цевката за вода
► Сл.9: 1. Крилеста завртка 2. Куќиште на
сечилото 3. Цевка за вода
Прво, откачете го алатот од напојување. Олабавете
ја крилестата завртка на граничникот за длабочина и
поместете ја основата надолу. Монтирајте ја цевката
за вода на куќиштето на сечилото со помош на
завртката.
Прикачете ја пластичната цевка на цевката за вода
и прикачете го адаптерот на пластичната цевка во
чешма за довод на вода под притисок. Прилагодете
го нивото на проток на вода со вртење на славината
на чешмата.
Монтирање на капак (A)
► Сл.10: 1. Стега 2. Капак (A)
Монтирајте го капакот (A) на алатот така што
неговата страна со ознаката „Исправено
свртена нагоре.
РАБОТЕЊЕ
► Сл.11
Прилагодете ја количината на проток на вода.
Држете го алатот цврсто. Поставете ја плочата
на основата врз работниот материјал што ќе го
сечете без тркалото да го допира. Потоа вклучете
го алатот и почекајте додека тркалото не достигне
полна брзина. Движете го алатот нанапред преку
површината на работниот материјал, држејќи го
рамно и напредувајќи полека додека не заврши
сечењето. Напредувајте со сечењето праволиниски
и вашата брзина на напредување држете ја
константна.
ВНИМАНИЕ:
Овој алат треба да се користи само на
хоризонтални површини.
Внимавајте да го движите алатот напред во
права линија и нежно. Примената на сила
и прекумерното притискање или оставање
тркалото да се свитка, заглави или изврти
во резот може да предизвика прегревање на
моторот и опасен повратен удар на алатот.
Бидејќи моторот може да се преоптовари
од прекумерно сечење, длабочината на
резот не треба да биде повеќе од 20 мм при
едно поминување. Кога сакате да сечете
подлабоко од 20 мм, поминете повеќе пати
зголемувајќи ја длабочината при секое
поминување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на дијамантското тркало
Ако дијамантското тркало почне послабо да сече,
употребете стар фрлен груб брусен камен или
бетонски блок за да го наострите. За острење,
прицврстете го добро брусното тркало или
бетонскиот блок и сечете во него.
" да е
По употреба
Издувајте ја прашината од внатрешноста на алатот
вклучувајќи го и оставајќи го да поработи во празен
од одредено време. Избришете ја насобраната
прашина од основата. Насобраната прашина во
моторот или на основата може да предизвика
дефект на алатот.
Монтирање на капаците
► Сл.12: 1. Стега 2. Капак (A)
Кога насобраната прашина на капакот (A) изгледа
прекумерна, олабавете ја стегата и извадете го
капакот (A). Измијте ја внатрешноста на капак (A) од
насобраната прашина и избришете ја. Монтирајте
го капакот (A) на алатот така што неговата страна
со ознаката „Исправено
Турнете го капакот (A) кон моторот колку што оди до
крај и прицврстете го со стегата.
При промена на тркалото, истовремено исчистете
го и капакот (B). Олабавете ја завртката што го
прицврстува капакот (B) и извадете го капакот
(B). Измијте ја внатрешноста на капак (B) од
насобраната прашина и избришете ја. Потоа
прикачете го капакот (B) на алатот прицврстувајќи
го со завртката. Насобраната прашина внатре во
капаците може да предизвика дефект на алатот.
► Сл.13: 1. Капак (B) 2. Завртка
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот, осигурете се да се
прикачени капаците (A) и (B).
34 МАКЕДОНСКИ
" да е свртена нагоре.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents