Makita MLT100N Instruction Manual page 68

Hide thumbs Also See for MLT100N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете „помошници"
при работата, како што се штички за туркање и
блокови за туркање кога има опасност рацете или
прстите да ви дојдат близу ножот за пила.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете го работниот
материјал цврсто на масата и надолжниот
граничник или граничникот за косо сечење.
Не виткајте го и не кривете го работниот
материјал кога го ставате. Ако работниот
материјал се свитка или се искриви, може да дојде
до опасни повратени удари.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ не повлекувајте го
работниот материјал додека врти ножот за пила.
Ако веќе морате да го повлечете работниот
материјал пред да го завршите сечењето, прво
исклучете го алатот додека цврсто го држите
работниот материјал. Почекајте додека ножот за
пила не престане да се врти, а потоа повлечете
го работниот материјал. Во спротивно може да
дојде до опасен повратен удар.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ не отстранувајте го
пресечениот работен материјал додека работи
ножот за пила.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ не ставајте ги
рацете или прстите пред ножот за пила. Многу
внимавајте при закосеното сечење.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш добро прицврстете
го надолжниот граничник затоа што може да
дојде до опасен повратен удар.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете
„помошници" при работата како што се штички
за туркање или блокови за туркање кога сечете
мал или тенок работен материјал.
Помошници
Штичките за туркање, блоковите за туркање или
помошните граничници се типови „помошници".
Користете ги за да направите безбедни и сигурни
сечења без да има потреба некој дел од телото на
ракувачот да дојде во контакт со ножот за пила.
Блок за туркање
► Сл.33: 1. Паралела лице/раб 2. Рачка 3. Шраф
за дрво 4. Залепете заедно
Користете иверка од 19 мм.
Рачката треба да биде во средиштето на парчето
иверка. Залепете го со лепило и прицврстете го со
завртки за дрво како што е прикажано на сликата.
На иверката секогаш мора да има залепено мало
парче дрво со димензии 9,5 x 8 x 50 мм за да спречи
абење на ножот за пила ако ракувачот по грешка
засече во блокот за туркање. (Никогаш не користете
разделник со шајки во него).
Помошен граничник
► Сл.34: 1. Паралела лице/раб
Направете помошен граничник од парчиња иверка
со димензии од 9,5 мм и 19 мм.
Цепење
ВНИМАНИЕ:
граничникот за сечење спој под прав агол од
масата.
ВНИМАНИЕ:
големи работни материјали, секогаш ставајте
соодветна поддршка зад масата. НИКОГАШ
не дозволувајте долга штица да се движи
или да се поместува на масата. Тоа може да
предизвика заглавување на ножот за пила и да ја
зголеми можноста за повратен удар и повреда.
Поддршката треба да биде со иста висина како и
масата.
ВНИМАНИЕ:
цепење на надолжната коса страна од ножот
за пила.
1.
Приспособете ја длабочината на сечењето,
така што ќе биде малку повисока од дебелината на
работниот материјал.
► Сл.35
2.
Поставете го надолжниот граничник на
саканата ширина од цепењето, а потоа прицврстете
го со вртење на рачката. Пред цепењето, уверете
се дека задниот крај од надолжниот граничник
е стегнат цврсто. Ако не е доволно прицврстен,
следете ги постапките наведени во делот
„Поставување и нагодување на надолжниот
граничник".
3.
Вклучете го алатот и полека туркајте го
работниот материјал кон ножот за пила покрај
надолжниот граничник.
Кога ширината на цепењето е 150 мм или поширока,
внимателно користете ја десната рака за да го
ставите работниот материјал. Користете ја левата
рака за да го држите работниот материјал спроти
надолжниот граничник.
► Сл.36
Кога ширината на цепењето е од 65 до 150 мм,
користете го стапчето за туркање за да го туркате
работниот материјал.
► Сл.37: 1. Стапче за туркање
Кога ширината на цепењето е помала од 65 мм,
стапчето за туркање не може да се користи затоа
што ќе удри во штитникот за сечилото. Користете
ги помошниот граничник и блоковите за туркање.
Прикачете го помошниот граничник на надолжниот
граничник со две „C" клеми.
Ставајте го работниот материјал со рака сè додека
крајот не дојде на 25 мм од предниот раб на масата.
► Сл.38: 1. „C" клема 2. Помошен граничник
Продолжете да туркате со користење на блокот за
туркање на горниот дел од помошниот граничник сè
додека не се заврши сечењето.
► Сл.39: 1. Помошен граничник 2. Блок за туркање
68 МАКЕДОНСКИ
Кога цепите, отстранете го
Кога сечете долги или
Не вршете надолжно косо

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents