Makita MLT100N Instruction Manual page 62

Hide thumbs Also See for MLT100N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Инструкции за безбедност за
столни пили
Предупредувања во врска со штитниците
Чувајте ги штитниците на своето место.
1.
Штитниците мора да се во работна состојба
и правилно монтирани. Штитник кој е лабав,
оштетен или не функционира правилно мора
да се поправи или замени.
Внимавајте ножот за пила да не го допира
2.
штитникот, ножот за цепење или работниот
материјал пред да се вклучи прекинувачот.
Невнимателен контакт на овие ставки со ножот
за пила може да предизвика опасна ситуација.
Нагодете го ножот за цепење како што
3.
е опишано во ова упатство. Оставањето
недоволен простор, неправилното
позиционирање и порамнување може да го
направат ножот за цепење неефикасен во
намалувањето на можноста за повратните
удари.
За да работат ножот за цепење и запците
4.
против повратни удари, тие мора да бидат
во допир со работниот материјал. Ножот за
цепење и запците против повратни удари не
се ефикасни кога се сечат работни материјали
што се премногу кратки за да се во допир со
ножот за цепење и запците против повратни
удари. Под овие услови, ножот за цепење и
запците против повратни удари не може да
спречат повратен удар.
Користете соодветен нож за пила за ножот
5.
за цепење. За правилно функционирање на
ножот за цепење, дијаметарот на ножот за
пила мора да се совпаѓа со соодветниот нож за
цепење, телото на ножот за пила треба да биде
потенко од дебелината на ножот за цепење, а
дебелината на засекот на ножот за пила мора
да биде поголема од дебелината на ножот за
цепење.
Предупредувања за постапките на сечење
ОПАСНОСТ: никогаш не ставајте
1.
ги рацете или прстите во близина или
во линија со ножот за пила. Момент на
невнимание или лизнување може да ги насочи
вашите раце кон ножот за пила и да резултира
со сериозна телесна повреда.
Ставете го работниот материјал во ножот за
2.
пила само наспроти насоката на ротација.
Ставањето на работниот материјал во иста
насока со насоката на ротација на ножот
за пила над масата може да резултира со
повлекување на работниот материјал и вашата
рака во ножот за пила.
Никогаш не користете го граничникот за
3.
косо сечење за ставање на материјалот
при цепењето и не користете ја лизгачката
основа како стопер за должина при
попречно сечење со граничникот за
косо сечење. Насочувањето на работниот
материјал со лизгачката основа и граничникот
за косо сечење истовремено ја зголемува
веројатноста од заглавување на ножот за пила
или повратен удар.
При цепење, секогаш применете ја
4.
силата при ставањето на работниот
материјал помеѓу граничникот и ножот за
пила. Користете штичка за туркање кога
растојанието помеѓу граничникот и ножот за
пила е помало од 150 мм, а користете блок
за туркање кога растојанието е помало од
50 мм. Уреди за „помош при работата" ќе ви ги
чуваат рацете на безбедно растојание од ножот
за пила.
Користете ја само штичката за туркање
5.
што е обезбедена од производителот или
направена во согласност со упатствата.
Оваа штичка за туркање обезбедува доволно
растојание помеѓу раката и ножот за пила.
Никогаш не користете оштетена или
6.
пресечена штичка за туркање. Оштетената
штичка за туркање може да се скрши и да
предизвика рацете да ви се лизнат во ножот за
пила.
Не извршувајте ниту една операција само со
7.
раце. Секогаш користете ја или лизгачката
основа или граничникот за косо сечење
за да го поставите и насочите работниот
материјал. Тоа значи дека не смеете да ги
користите рацете за да го придржувате или да
го насочувате работниот материјал, наместо
лизгачката основа или граничникот за косо
сечење. Сечењето само со раце води до
изместување, заглавување или повратен удар.
Никогаш не посегнувајте околу или над
8.
ротирачкиот нож за пила. Посегнувањето
по работниот материјал може да доведе до
случаен контакт со подвижниот нож за пила.
Обезбедете помошна поддршка за
9.
работниот материјал на задните и/или
страните од столната пила за долги и/или
широки парчиња работен материјал со цел
да ги држи рамни. Долго и/или широко парче
работен материјал има тенденција да се врти
на работ на масата, предизвикувајќи губење на
контролата, заглавување на ножот за пила и
повратен удар.
10. Ставајте го работниот материјал со
рамномерно темпо. Не виткајте го и не
кривете го работниот материјал. Ако
дојде до блокирање, веднаш исклучете ја
алатката, извадете го кабелот и исчистете
го заглавениот материјал. Блокирањето на
ножот за пила со работен материјал може да
предизвика повратен удар или запирање на
моторот.
Не отстранувајте ги парчињата пресечен
11.
работен материјал додека сечилото работи.
Материјалот може да остане заглавен помеѓу
граничникот или помеѓу штитникот за ножот
за пила и можот за пила и да ви ги повлече
прстите кон ножот за пила. Исклучете ја пилата
и почекајте ножот за пила да запре пред да го
отстраните материјалот.
12. Користете помошен граничник во допир
со основата на масата кога цепите работен
материјал кој е со дебелина помала од 2 мм.
Танкиот работен материјал може да се заглави
под лизгачката основа и да создаде повратен
удар.
62 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents