Makita MLT100N Instruction Manual page 67

Hide thumbs Also See for MLT100N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Проверете дали ножот за пила
е монтиран, така што запците се подредени во
насоката на сечењето (вртењето).
ВНИМАНИЕ:
Проверете го дијаметарот
на отворот за вратило пред да го монтирате
ножот за пила. Секогаш користете го правилниот
прстен за отворот за монтирање на ножот за пила
што планирате да го користите. Големината на
испорачаните прстени варира во зависност од земјата.
За алатка со нож за пила со дијаметар на
отворот од 30 мм, испорачан е прстен со
надворешен дијаметар од 30 мм.
За алатка со нож за пила со дијаметар на
отворот од 25,4 мм, испорачан е прстен со
надворешен дијаметар од 25,4 мм.
4.
За да го прицврстите ножот за пила, држете ја
надворешната фланша со клучот, а потоа стегнете
ја шестаголната навртка вртејќи надесно со
другиот клуч. УВЕРЕТЕ СЕ ДЕКА ЦВРСТО СТЕ ЈА
СТЕГНАЛЕ ШЕСТАГОЛНАТА НАВРТКА.
► Сл.23: 1. Клуч 2. Клуч
ВНИМАНИЕ:
Површината на фланшата не треба
да има нечистотии или друг леплив материјал затоа
што може да предизвика лизгање на ножот за пила.
ВНИМАНИЕ:
Внимателно држете ја
шестаголната навртка со клучот. Ако клучот ви се
лизне, може да се извади од шестаголната навртка и
може да ја удрите раката во острите рабови од сечилото.
5.
Прикачете го лежиштето за сечилото на своето
место со помош на шрафовите.
Нагодување на ножот за цепење
ВНИМАНИЕ:
Ако ножот за пила и ножот за
цепење не се правилно порамнети, може да
дојде до опасно заглавување при работата.
Внимавајте да бидат правилно порамнети. Ако
користите алат со неправилно поставен нож за
цепење, може да дојде до сериозни повреди.
ВНИМАНИЕ:
НИКОГАШ не правете
нагодувања додека алатот работи. Исклучете
го алатот пред да вршите нагодувања.
ВНИМАНИЕ:
Не вадете го ножот за цепење.
► Сл.24: 1. Штитник на ножот 2. Нож за цепење
3. Шраф (6 парчиња)
Положбата на ножот за цепење е фабрички приспособена, така
што ножот за пила и ножот за цепење ќе бидат порамнети во
права линија. Меѓутоа, ќе треба да ја приспособите положбата
ако ножот за пила и ножот за цепење не се во права линија.
Одвртете ги шрафовите на лежиштето за сечилото и
отстранете го од главната маса. Одвртете ги шестаголните
завртки (Б) и приспособете ја положбата за монтирање на
штитникот за сечилото (исправено), така што ножот за цепење
да се наоѓа директно зад ножот за пила. Потоа стегнете ги
шестаголните завртки (Б) за да го прицврстите во исправената
положба и ставете го лежиштето за сечилото на своето место.
► Сл.25: 1. Нож за пила 2. Овие две растојанија
треба да бидат еднакви. 3. Нож за
цепење 4. Шестаголни завртки (Б)
5. Шестаголни завртки (А)
Помеѓу ножот за цепење и запците од сечилото
мора да има растојание од околу 4 - 5 мм. Одвртете
ги шестаголните завртки (А), поставете го ножот за
цепење, а потоа цврсто стегнете ги шестаголните
завртки (А). Прикачете го лежиштето за сечилото
на масата со помош на шрафот, а потоа проверете
дали штитникот за сечилото правилно работи пред
да почнете со сечење.
► Сл.26: 1. Нож за цепење 2. Штитник на ножот
3. Растојание 4 мм - 5 мм
Монтирање и нагодување на
надолжниот граничник
► Сл.27: 1. Лост 2. Држач на граничникот
3. Шина-водилка
Монтирајте го надолжниот граничник, така
што држачот за граничникот да се прикачи во
најблиската шина-водилка.
За да го прицврстите надолжниот граничник, целосно
свртете го лостот на држачот за граничникот.
За да проверите и да се уверите дека надолжниот
граничник е паралелен со ножот за пила,
прицврстете го надолжниот граничник на 2 - 3 мм
од сечилото. Подигнете го сечилото на максимална
височина. Обележете еден од запците на сечилото
со креда. Измерете го растојанието (А) и (Б) помеѓу
надолжниот граничник и ножот за пила. Измерете
ги двете растојанија од забецот што го означивте со
креда. Овие две растојанија треба да бидат еднакви.
Ако надолжниот граничник не е паралелен со ножот
за пила, направете го следново:
► Сл.28: 1. Скала
► Сл.29: 1. Шестаголни завртки
1.
Прицврстете го надолжниот граничник
спуштајќи го лостот на него.
2.
Одвртете ги двете шестаголни завртки на
надолжниот граничник со испорачаниот имбус-клуч.
3.
Нагодувајте го надолжниот граничник сè додека
не дојде во паралелна положба со ножот за пила.
4.
Стегнете ги двете шестаголни завртки на
надолжниот граничник.
► Сл.30
ВНИМАНИЕ:
поставиле надолжниот граничник да биде
паралелен со ножот за пила, затоа што во
спротивно може да се предизвика повратен
удар.
Подигнете го надолжниот граничник веднаш
покрај ножот за пила. Уверете се дека водилката
на држачот за граничникот покажува на 0. Ако
водилката не покажува на 0, одвртете ја завртката
на линијарот и приспособете го линијарот.
► Сл.31: 1. Водилка 2. Шраф
Поврзување на вакуумската
правосмукалка
Чистењето може да се врши со поврзување на
алатот на вакуумската правосмукалка или собирач
на прав од Makita.
► Сл.32
67 МАКЕДОНСКИ
Уверете се дека сте го

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents