Makita DHR183 Instruction Manual page 67

Hide thumbs Also See for DHR183:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Мерач на длабочина
Мерачот на длабочина е погоден за дупчење отвори
со еднолична длабочина.
Притиснете и задржете го копчето за блокирање, а
потоа вметнете го мерачот на длабочина во дупката.
Уверете се дека назабената страна на мерачот на
длабочина е свртена кон ознаката.
► Сл.13: 1. Мерач на длабочина 2. Копче за
блокирање 3. Ознака 4. Назабена страна
Нагодете го мерачот на длабочина со поместување
напред-назад додека го држите притиснато копчето за
блокирање. По нагодувањето, отпуштете го копчето за
блокирање за да го блокирате мерачот на длабочина.
НАПОМЕНА: Осигурете се дека мерачот на длабочина не
го допира главното тело на алатот кога се прикачува на него.
Чаша за прав
Опционален додаток
Користете ја чашата за прав за да не паѓа прав врз алатот и врз
вас кога дупчите на висина над главата. Прицврстете ја чашата
за прав за бургијата како што е покажано на сликата. Чашата за
прав може да се прикачи на бургии со следниве големини.
Модел
Чаша за прав 5
Чаша за прав 9
► Сл.14: 1. Чаша за прав
Комплет со чаша за прав
Опционален додаток
Монтирање на комплетот со чаша за прав
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го комплетот со чаша
за прав кога дупчите во метал или слично. Тоа може да
го оштети комплетот со чаша за прав поради топлината
што се произведува од ситната метална прашина или
слично. Не монтирајте го, ниту отстранувајте го комплетот
со чаша за прав додека бургијата е поставена во алатот.
Тоа може да го оштети комплетот со чаша за прав и може
да предизвика излегување на правта.
Пред да го монтирате комплетот со чаша за прав,
ако на алатот е поставена бургија, извадете ја.
1.
Олабавете ја рачната завртка на страничниот
држач.
2.
Монтирајте го комплетот со чаша за прав, така
што стегите на чашата за прав да се вклопат во
процепите на страничниот држач.
► Сл.15: 1. Комплет со чаша за прав 2. Страничен држач
3.
Монтирајте го страничниот држач, така што
неговиот жлеб ќе се совпадне со испакнувањето
на алатот. Затегнете ја рачната завртка за да го
прицврстите страничниот држач.
► Сл.16: 1. Страничен држач 2. Жлеб 3. Испакнат дел
НАПОМЕНА: Ако поврзете правосмукалка на
комплетот со чаша за прав, извадете ја чашата за
прав пред да ја поврзете правосмукалката.
► Сл.17: 1. Капаче за прав
Дијаметар на бургија
6 мм - 14,5 мм
12 мм - 16 мм
Отстранување на бургијата
За да ја отстраните бургијата, повлечете го
штитникот за главата на дупчалката докрај и
извлечете ја бургијата.
► Сл.18: 1. Бургија 2. Штитник за глава на
дупчалката
Отстранување на комплетот со
чаша за прав
За да го отстраните комплетот со чаша за прав,
следете ги чекорите подолу.
1.
Олабавете ја рачната завртка на страничниот
држач. Извадете го страничниот држач од алатот.
► Сл.19: 1. Рачна завртка
2.
Држете го долниот дел на чашата за прав и
извлечете го.
НАПОМЕНА: Ако е тешко да се отстрани
комплетот со чаша за прав, отстранете ги
штипките на чашата за прав една по една, нишајќи
ја и влечејќи ја основата на чашата.
► Сл.20: 1. Чаша за прав
НАПОМЕНА: Ако капачето се извади од комплетот
со чаша за прав, вратете го назад во првобитната
положба.
За да го вратите капачето во почетната положба,
следете ги чекорите подолу.
1.
Свртете ја манжетната налево и извадете од
единицата за прикачување на комплетот со чаша за
прав додека манжетната е отклучена.
► Сл.21: 1. Манжетна 2. Единица за прикачување
2.
Вратете го капачето на место со страната со
букви свртена нагоре.
► Сл.22: 1. Капаче 2. Единица за прикачување
3.
Бидете сигурни дека жлебовите околу капачето
добро се вклопуваат во прстените на горниот отвор
од единицата за прикачување.
Закачалка на алатот
Опционален додаток
ВНИМАНИЕ:
закачалка на алатот и шраф. Пред употреба,
секогаш проверете дали има оштетувања,
пукнатини или деформации и проверете дали
шрафот е затегнат.
ВНИМАНИЕ:
отстранувајте ја закачалката на алатот на
стабилна маса или површина. Користете го
обезбедениот шраф само со закачалката
на алатот. По монтирање на закачалката на
алатот, проверете дали е безбедно монтирана
со шрафот.
ВНИМАНИЕ:
батеријата додека го закачувате алатот. Алатот
може да падне ако шрафот не е затегнат.
67 МАКЕДОНСКИ
Не користете оштетени
Монтирајте ја или
Не вадете ја касетата за

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents