Makita CW004G Instruction Manual page 163

Cordless cooler & warmer box
Hide thumbs Also See for CW004G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали уредот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не прскајте, ниту истурајте
вода на уредот кога го чистите. Не прскајте го
со црево за вода; избегнувајте вода да навлезе
внатрешноста од уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење
Редовно чистете ги дамките од масло во
комората.
Чистете ја внатрешноста на комората за да
спречите непријатна миризба.
Редовно чистете ја прашината на сунѓерестиот
филтер за да ја подобрите ефикасноста на
ладењето.
Лентата за заптивање на горниот капак лесно
се валка, па затоа чистете ја на време.
Одмрзнување
За да одмрзнете, исклучете го напојувањето и
почекајте мразот да се стопи. Потоа избришете ја
водата.
Чистење на сунѓерестиот филтер
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го исчистите
сунѓерестиот филтер, монтирајте го на уредот.
Работата на уредот без сунѓерестиот филтер може
да предизвика дефект.
1.
Лизнете го капакот на филтерот во насоката
на стрелката што е прикажана на сликата, па
извадете го капакот на филтерот.
2.
Извадете го сунѓерестиот филтер и исчистете
го.
► Сл.23
3.
Монтирајте го сунѓерестиот филтер и задниот
дел од капакот на филтерот.
► Сл.24
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со уредот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Адаптер за наизменична струја
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да
се вклучени со пакетот уреди како стандарден
прибор. Тие може да се разликуваат од држава до
држава.
163 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents