Makita CW004G Instruction Manual page 154

Cordless cooler & warmer box
Hide thumbs Also See for CW004G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Дополнителни безбедносни
предупредувања за кутијата за
ладење и греење
Пред употреба, внимателно прочитајте го
1.
упатството за употреба.
2.
Не дозволувајте мали деца и миленичиња
да си играат со овој уред. Чувајте го
уредот подалеку од дофат на деца кога го
складирате. Во спротивно, може да настане
сериозен инцидент, како што е заглавување.
3.
Не расклопувајте го уредот.
Не смеат да се користат никакви додатоци
4.
што не се одобрени од производителот. Во
спротивно, може да дојде до дефект.
5.
Не користете го уредот како скаличка или
столче. Тоа може да предизвика падови или
повреди.
6.
Не потопувајте го уредот во вода или во
друга течност за да спречите електричен
удар. Да не се изложува на дожд.
7.
Дури и кога уредот не се користи, не
ставајте го превртен наопаку и не
навалувајте го повеќе од 15°. Во спротивно,
може да дојде до дефект.
Не ставајте го уредот на жешки места, како
8.
што е во автомобил што е изложен на сонце
или во близина на материјали за греење.
Перформансите за ладење може да бидат
намалени или истекувањето на гасот може да
предизвика пожар.
9.
Кога го поставувате уредот, кабелот за
напојување не треба да биде приклештен
или оштетен.
10. Не ставајте го уредот во близина на
уреди што работат на гас. Перформансите
за ладење може да бидат намалени или
истекувањето на гасот може да предизвика
пожар.
11.
Не користете запалив спреј во близина на
уредот. Во спротивно, може да се предизвика
пожар.
12. Не користете го овој уред во возило-
ладилник или во комора за ладење. Во
возило-ладилник и во комора за ладење лесно
настанува кондензација што предизвикува
паѓање на капки вода врз уредот и
предизвикува дефекти.
13. Кога го користите уредот во автомобил,
задолжително монтирајте го уредот на
стабилно место како што е товарниот
простор или подножјето на задните седиште
и фиксирајте го. Не ставајте го уредот на
седиште ако не е стабилен. Ако автомобилот
нагло тргне или сопре за време на возењето,
уредот може да се преврти и да се помести и
така да предизвика повреда.
14. Не користете го адаптерот за наизменична
струја надвор. Во спротивно, може да настане
струен удар.
15. Не ставајте метална фолија или други
проводни материјали во уредот за да
спречите пожар или краток спој.
16. Проверете дали опсегот на напонот што
се користи е ист со тој што е означен
на плочката со име, дали приклучокот
за кабелот за напојување одговара на
штекерот и уверете се дека штекерот е
добро заземјен.
17. Не користете ги неправилно адаптерот за
наизменична струја и адаптерот на запалка
за цигари.
18. Не ставајте предмети на или околу
адаптерот за наизменична струја кога
го користите. Во спротивно, може да се
предизвика пожар.
19. Не оштетувајте го кабелот од адаптерот за
наизменична струја и адаптерот на запалка
за цигари.
Не изменувајте го кабелот.
Не виткајте го, не влечете го и не
превиткувајте го кабелот.
Не приклештувајте го кабелот.
Не ставајте тешки предмети врз
кабелот.
Не навиткувајте го кабелот во клопче
кога го користите.
Во спротивно, кабелот може да се оштети и да
настане пожар или струен удар.
20. Исчистете го приклучокот од адаптерот
за наизменична струја и адаптерот на
запалка за цигари. Нечистотија како што е
насобирање вода или сол на приклучокот
може да предизвика 'рѓа и да предизвика лоша
спроводливост, деформација или оган.
21. Исчистете ги прашината и пепелот од
приклучокот на адаптерот на запалка за
цигари. Во спротивно, може да настане
деформација или пожар.
22. Не ракувајте со приклучокот со влажна или
мрсна рака. Тоа може да предизвика струен удар.
23. Ставете го приклучокот целосно во
приклучокот за „DC IN". Во спротивно може
да настане деформација на приклучокот или да
се предизвика пожар.
24. Не допирајте ги приклучокот од адаптерот
за наизменична струја и адаптерот на
запалка за цигари веднаш по работата. Тие
може да бидат многу жешки и може да ви ја
изгорат кожата.
25. Не користете го излезот за еднонасочна
струја (DC) од генераторот на моторот како
извор на напојување. Тоа може да предизвика
дефект.
26. Кога преостанатиот капацитет на
акумулаторот од автомобилот ќе се намали,
користете го уредот додека работи моторот.
По користењето на уредот, исклучете го
приклучокот од запалката за цигари за да
спречите полнење на акумулаторот од
автомобилот.
27. Не полнете го акумулаторот од автомобилот
додека го користите уредот. На производот
може да се примени неприфатлив напон што
може да предизвика дефект или пожар.
28. Не ракувајте со уредот додека возите. Тоа
може да предизвика незгода.
154 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents