Makita VC006GM Instruction Manual page 95

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC006GM:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
Вклучување на правосмукалката
1.
Свртете го прекинувачот за режим на
подготвеност во позиција „I" (ВКЛУЧЕНО)
или „AUTO" (ВКЛУЧЕНО) за да биде
правосмукалката во режим на подготвеност.
2.
Притиснете го копчето за напојување.
За да ја префрлите правосмукалката во режим
на подготвеност, повторно притиснете го
копчето за напојување.
Исклучување на правосмукалката
Извршете еден од следниве чекори.
Притиснете го копчето за напојување за да
ја вратите правосмукалката во режим на
подготвеност.
Свртете го прекинувачот за режим на
подготвеност во позиција „O" (ИСКЛУЧЕНО).
Нагодување на силата на смукање
Силата на смукање може да се нагоди во согласност
со работата што ќе се извршува.
Свртете го копчето за нагодување на силата на
смукање налево за да се намали силата на смукање.
Свртете го копчето за нагодување на силата на
смукање надесно за да се зголеми силата на
смукање.
Избор на дијаметар на цревото
Поставете го бирачот за дијаметар на црево на
дијаметарот на цревото што ќе го користите.
НАПОМЕНА: Не поставувајте го бирачот на
празните места помеѓу броевите. Секогаш вртете
го бирачот во согласност со дијаметарот на
цревото.
► Сл.6: 1. Прекинувач за режим на подготвеност
2. Копче за нагодување на силата на
смукање 3. Бирач за дијаметар на црево
4. Копче за напојување
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш поставете го
прекинувачот за режим на подготвеност
на страната „О" кога нема да ја користите
правосмукалката подолго време.
Правосмукалката троши енергија за време на
состојбата на подготвеност.
Звучен сигнал за предупредување
Постојат два типа звучни сигнали. Едниот звучен
сигнал титка кратко, а другиот континуирано.
Кога брзината на проток на воздухот ќе падне
под 20 м/с, правосмукалката емитува кратки
звучни сигнали за предупредување заради
безбедносни причини. Кога ќе се огласи
сигналот, проверете го бирачот за дијаметар на
цревото или проверете дали силата на смукање
е прениска. Ако звучниот сигнал продолжува да
се емитува, извршете одржување или побарајте
помош од вашиот локален сервисен центар.
Кога резервоарот е полн со течност,
правосмукалката емитува континуиран звучен
сигнал за предупредување и автоматски запира.
Откако правосмукалката ќе запре, исклучете ја
и испразнете го резервоарот.
Стопирање на автоматско
смукање за време на водено
смукање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
или сапуница. Тоа може да предизвика пената да
излезе преку излезот за воздух. Континуираната
работа во овие услови може да предизвика струен
удар и кршење на правосмукалката.
Правосмукалката има механизам што спречува
навлегување вода во моторот кога ќе дојде до
смукање одредена количина вода.
Кога резервоарот е полн со течност,
правосмукалката емитува континуиран звучен
сигнал за предупредување и автоматски запира.
Откако правосмукалката ќе запре, исклучете ја и
испразнете го резервоарот.
Систем за чистење на филтрите
Овој уред има монтиран систем за чистење на
филтрите. За време на користење на уредот,
системот за чистење на филтрите автоматски го
чисти правот од филтрите за да спречи намалување
на силата на смукање поради нивно затнување.
Доколку уредот вшмука голема количина прав
наеднаш, силата на смукање може да се намали.
Во тој случај, се препорачува рачно чистење на
филтрите.
1.
Исклучете го уредот.
2.
Поставете ја моќта на смукање на максимум и
потоа затворете го отворот на цревото за смукање
со дланката.
3.
Вклучете го уредот и работете приближно 15
секунди со затворен отвор на цревото за смукање.
► Сл.7: 1. Отвор на цревото за смукање
НАПОМЕНА: Волуменот на воздухот може да се
промени додека се активира системот за чистење
на филтрите, но не е неисправен.
Одвод за вода
Кога резервоарот е полн со течност, исклучете ја
правосмукалката и отворете го капачето на одводот
за вода за да го испразните резервоарот.
► Сл.8: 1. Капаче на одводот за вода
Капаче
Капачето се испорачува со уредот. Со монтирање на
капачето на приклучокот за поврзување на цревото
се спречува вшмуканиот прав да излезе надвор од
правосмукалката.
► Сл.9: 1. Капаче
95 МАКЕДОНСКИ
Не смукајте пена

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents