Makita VC006GM Instruction Manual page 103

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC006GM:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
изведувате одржување, користете респиратор
P2.
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали уредот
е исклучен и касетите за батерија се извадени.
ВНИМАНИЕ:
Техничката инспекција,
вклучувајќи инспекција на филтрите, протокот на
воздух и механизмот за управување, мора да ја
извршува обучено лице барем еднаш годишно.
ВНИМАНИЕ:
За време на одржувањето,
сите контаминирани делови што не може да
се исчистат до задоволително ниво, мора да
се фрлат во отпад. Таквите делови мора да се
фрлат во непропустливи вреќи во согласност
со прописите во вашата држава.
ВНИМАНИЕ:
По работата во опасна
област, надворешноста на алатот мора да се
деконтаминира со чистење со вакуум, и да се
избрише или да се нанесе средство за изолација,
пред да го изнесете алатот од опасната област.
Сите делови на алатот мора да се сметаат за
контаминирани при изнесувањето од опасната
област и мора да се преземат соодветни дејства
за спречување распространување на правот.
ВНИМАНИЕ:
Сменете ги филтрите кога ќе се
затнат со прав или кога чувствувате дека изведбата
на правосмукалката е со опаднат интензитет.
ВНИМАНИЕ:
Проверувајте ги филтрите
периодично. Ако филтрите се скинати, веднаш
заменете ги.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Вадење на единицата за филтрирање
ВНИМАНИЕ:
Почекајте околу 5 минути за
да целосно се сталожи правот во резервоарот.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не дозволите
правот да навлезе во капакот на резервоарот
кога ја вадите единицата за филтрирање.
Единицата за филтрирање е прикачена на главната
единица. Се состои од горна плоча, претфилтри,
придушувачи и филтри за прав.
1.
Отпуштете ги куките за блокирање и подигнете
ја главната единица од резервоарот.
2.
Извадете ја единицата за филтрирање од
главната единица како што е прикажано на сликата.
► Сл.37: 1. Резе 2. Единица за филтрирање
Секогаш кога
103 МАКЕДОНСКИ
Вадење на филтерот за прав и
претфилтерот
Подигнете го јазичето и извадете ги филтрите од
горната плоча.
► Сл.38: 1. Горна плоча 2. Филтри 3. Јазиче
За да се спречи излегување на правот од филтрите,
препорачливо е филтрите да се отстранат во
полиетиленска вреќа.
При носење на единицата за филтрирање да се
исчисти, врзете ја цврсто полиетиленската вреќа.
► Сл.39: 1. Единица за филтрирање
2. Полиетиленска вреќа
► Сл.40: 1. Горна плоча 2. Филтри
3. Полиетиленска вреќа
Чистење на филтерот за прав,
претфилтерот и придушувачот
Одвреме-навреме, чистете ги филтрите и
придушувачот. Затнати филтри и придушувач може
да резултираат со отежнато смукање.
Редовно чистете го насобраниот прав на филтрите и
придушувачот.
Повремено измијте ги филтерот за прав,
претфилтерот и придушувачот во вода, исплакнете
ги и темелно исушете ги во сенка пред употреба.
Никогаш не мијте ги во машина за перење алишта.
► Сл.41
НАПОМЕНА: Не тријте ги ниту гребете
ги филтерот за прав, предфилтерот или
придушувачот со тврди предмети, како на пример,
четка или лопатче.
НАПОМЕНА: Филтрите се абат со текот на
времето. Препорачливо е да имате резервни
филтри.
Монтирање на филтерот за прав и
претфилтерот
ЗАБЕЛЕШКА:
Филтерот за прав и
претфилтерот може да собираат сув и влажен
прав. Осигурете се дека сензорите за ниво на
вода правилно се активираат за да се избегне
кршење на филтерот за прав.
Закачете ги рабовите на единицата за филтрирање
на горната плоча и потоа спуштете го јазичето.
► Сл.42: 1. Раб 2. Јазиче
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред употреба на филтерот
за прав, осигурете се дека предфилтерот и
придушувачот секогаш се користат заедно.
Не е дозволено филтерот за прав да се монтира
самостојно.
Склопување на филтрите
Кога ќе ги добиете филтрите одделно, склопувајте ги
како што е прикажано на сликата.
► Сл.43: 1. Филтер за прав 2. Придушувач
3. Претфилтер

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents