Makita VC006GM Instruction Manual page 91

Cordless vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC006GM:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
26. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ. При сервисирањето,
користете само идентични резервни делови
за замена.
27. СКЛАДИРАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
КОГА НЕ СЕ КОРИСТИ. Кога не се користи,
правосмукалката треба да се складира во
затворен простор.
28. Пред складирање, влажните филтри и
внатрешниот дел од контејнерот за течности
треба да се исушат.
29. Бидете внимателни со вашата
правосмукалка. Ако со неа се ракува грубо,
тоа може да предизвика кршење дури и на
најцврсто изградената правосмукалка.
30. Не обидувајте се да ја чистите
надворешноста или внатрешноста со
бензин, разредувач или хемиски средства
за чистење. Може да дојде до пукнатини и
промена на бојата.
31. Не користете ја правосмукалката во затворен
простор каде што има запаливи, експлозивни
и отровни испарувања од маслени бои,
разредувачи на боја, бензин, некои средства
против молци итн. или во области каде што
има присуство на запалив прав.
32. Не ракувајте со овој или кој било друг алат
ако сте под дејство на лекови или алкохол.
33. Како основно правило за безбедност,
користете заштитна маска или заштитни
очила со странични штитници.
34. Користете маска за заштита од прав кога
работите во правливи услови.
35. Оваа машина не е наменета за употреба
од лица, вклучувајќи деца, со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
36. Децата треба да се надгледуваат за да
се уверите дека нема да си играат со
правосмукалката.
37. Никогаш не ракувајте со батеријата(иите) и
правосмукалката со влажни раце.
38. Бидете многу внимателни при чистење скали.
39. Не користете ја правосмукалката како стол
или како работна маса. Машината може да
падне и тоа да резултира со телесна повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
Полнете само со полначот одреден од
1.
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
Исклучиво користете ги електричните
2.
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
3.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
При случаи на злоупотреба, од батеријата може да
4.
истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде
до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста
дојде во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не користете батерии или алат што се
5.
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
Не изложувајте ги батериите или алатот
6.
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење
7.
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
Пред користење на касетата за батеријата,
1.
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте со
2.
касетата за батеријата. Тоа може да резултира со
оган, прекумерна топлина или експлозија.
Ако оперативното времето станало прекумерно
3.
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
4.
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
5.
Не допирајте ги контактите со никаков
(1)
проводлив материјал.
Избегнувајте да ја чувате касетата
(2)
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
На изложувајте ја касетата за
(3)
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
91 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents