Makita VR001G Instruction Manual page 51

Cordless concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на прерамката
Опционален додаток
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ја прерамката од алатот додека носите
пренослив пакет за напојување. Носењето
повеќе појаси и прерамки може да ги наруши
можностите да ја извадите опремата брзо во итен
случај и да резултира со телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
деловите за прикачување на прерамката за
други намени, како на пример спречување
пад на високо место. Доколку деловите за
прикачување на прерамката се користат за други
намени, прекумерниот товар може да ги скрши и
да предизвика сериозни повреди кај операторот и
лицето во близина/под операторот.
ВНИМАНИЕ:
Прикачете ги цврсто куките
од прерамката на алатот. Доколку куките се
прикачени нецелосно, може да се откачат и да
предизвикаат повреда.
ВНИМАНИЕ:
Задолжително користете ја
прерамката наменете за овој алат. Користењето
на друга прерамка може да предизвика повреда.
Закачете ги куките на прерамката преку отворите за
закачување во горниот дел од алатот.
► Сл.22: 1. Прерамка 2. Кука 3. Отвор за
закачување
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Ставете ја прерамката на
рамото и држете го алатот цврсто со двете
раце.
ЗАБЕЛЕШКА:
На самиот почеток од работата,
флексибилната оска има тенденција да
вибрира на повисока амплитуда. Алатот ќе ја
врати нормалната амплитуда откако неколку
пати повторливо ќе го стиснете и отпуштите
прекинувачот за стартување.
Ставете ја внатре и држете ја главата за вибрации
исправена за време на работата. Користете го
алатот во склоп на ефективните опсези на вибрации
на подеднакви растојанија. Ефективниот опсег
на отстранување меурчиња е околу десет пати
помножено со дијаметарот на главата за вибрирање.
► Сл.23
► Сл.24
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете го алатот за да
го поместувате бетонот во кофражот. Тоа ќе
предизвика поместување на малтерот од крупниот
агрегат и ќе дојде до раздвојување.
► Сл.25
Секогаш вадете
Не користите ги
51 МАКЕДОНСКИ
Ефикасно порамнување и
отстранување воздушни меури
Отстранувањето воздушни меури е завршено откако
ќе поминете со алатот низ секој ефективен опсег,
бетонот ќе престане да се собира, а малтерот ќе
се подигне подеднакво на површината, давајќи
светол изглед. Полека отстранете го алатот, без да
оставите дупки.
Кога го користите алатот на наклон, секогаш
почнувајте од дното на почетокот. Ако работите од
врвот, малтерот ќе се одвои и ќе падне на дното.
► Сл.26
► Сл.27
НАПОМЕНА: Вибрирање премногу долго на едно
место предизвикува раздвојување на бетонот.
НАПОМЕНА: Кога ќе се одвои крупниот агрегат
при поставување бетон, извадете го со лопата
и ставете го на местата каде што има многу
малтер. Потоа, повторно употребете го алатот. Не
оставајте крупен агрегат во раздвоена состојба.
► Сл.28
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Избегнувајте чистење на
алатот во вода. Во куќиштето на моторот ќе влезе
вода и ќе предизвика дефект на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Користете влажна крпа
или слично за внимателно да го избришете
преостанатиот влажен бетон од алатот по
користењето. Особено треба да се внимава
темелно да се исчистат вентилите, областа кај
прекинувачот, отворите на капаците итн.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr003gVr004g

Table of Contents