Makita VR001G Instruction Manual page 48

Cordless concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање и вадење на касетата
за батерија
ВНИМАНИЕ:
Пред монтирање и вадење
на касетата за батерија, секогаш осигурете
да го вратите прекинувачот за стартување
во позиција „OFF" (ИСКЛУЧЕНО) со целосно
повлекување и отпуштање на прекинувачот за
стартување.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не си ги
фатите прстите помеѓу куќиштето за батерија
и неговиот преден капак при монтирање и
вадење на касетата за батерија.
Монтирање
Отворете го куќиштето за батерија додека ги
1.
притискате копчињата на страните од куќиштето за
батерија.
► Сл.4: 1. Куќиште за батерија 2. Копче
Вметнете касета за батерија порамнувајќи го
2.
нејзиното јазиче со жлебот на алатот. Ако можете да
го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
► Сл.5: 1. Црвен индикатор 2. Касета за батерија
Затворете го безбедно куќиштето за батерија.
3.
Демонтажа
Отворете го куќиштето за батерија додека ги
1.
притискате копчињата на страните од куќиштето за
батерија.
Извадете ја касетата за батеријата со лизгање
2.
од алатот додека го притискате копчето на предниот
дел од касетата за батерија.
► Сл.6: 1. Копче 2. Касета за батерија
Затворете го безбедно куќиштето за батерија.
3.
За извор на енергија поврзан со
кабел
Опционален додаток
Пред монтирање, заменете го стандардното
опремено куќиште за батерија со опционално
куќиште за батерија H.
Монтирање
Отворете го куќиштето за батерија додека ги
1.
притискате копчињата на страните од куќиштето за
батерија.
Вметнете адаптер за батерија порамнувајќи го
2.
неговото јазиче со жлебот на алатот. Ако можете да
го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
► Сл.7: 1. Црвен индикатор 2. Адаптер за батерија
Отворете го гуменото заптивно прстенче во
3.
касетата за батерија.
Осигурете се да го истиснете гуменото заптивно
прстенче од работ на кружниот отвор во
внатрешноста на предниот капак на куќиштето.
► Сл.8: 1. Гумено заптивно прстенче 2. Преден
капак
Протнете го приклучокот за адаптер и кабелот
4.
на приклучокот низ кружниот отвор во куќиштето за
батерија.
► Сл.9: 1. Приклучок за адаптер 2. Кабел на
приклучокот 3. Адаптер за батерија
Затворете го безбедно куќиштето за батерија.
5.
Затворете го гуменото заптивно прстенче.
6.
► Сл.10: 1. Гумено заптивно прстенче 2. Кабел на
приклучокот 3. Куќиште за батерија
Демонтажа
Отворете го куќиштето за батерија додека ги
1.
притискате копчињата на страните од куќиштето за
батерија.
Отворете го гуменото заптивно прстенче во
2.
касетата за батерија.
Осигурете се да го истиснете гуменото заптивно
прстенче од работ на кружниот отвор во
внатрешноста на предниот капак на куќиштето.
► Сл.11: 1. Гумено заптивно прстенче 2. Преден
капак
Извлечете го приклучокот за адаптер и кабелот
3.
на приклучокот низ кружниот отвор во куќиштето за
батерија.
Извадете го адаптерот за батеријата со
4.
лизгање од алатот додека го притискате копчето на
предниот дел од касетата за батерија.
Затворете го безбедно куќиштето за батерија.
5.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.12: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
48 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr003gVr004g

Table of Contents