Makita TW0200 Instruction Manual page 24

Hide thumbs Also See for TW0200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Предупредувања за безбедност
на ударниот клуч
Држете го алатот за изолираните држачи
1.
кога вршите работи каде спојката може
да дојде во допир со скриени жици или
со сопствениот кабел. Спојките што ќе
допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
Носете штитници за уши.
2.
3.
Пред да го монтирате приклучокот за удар,
внимателно проверете го да не е изабен, со
пукнатини или оштетувања.
4.
Цврсто држете го алатот.
Не допирајте ги вртливите делови.
5.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
6.
цврста подлога.
Уверете се дека под Вас нема никој кога го
користите алатот на високи места.
Точниот вртежен момент за завртување
7.
може да се разликува во зависност од типот
или големината на завртката. Проверете го
вртежниот момент со динамометарски клуч.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
24 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Вклучување
► Сл.1: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за
исклучување на алатот.
Држење на алатот
Кога работите, држете го алатот само за рачката. Не
допирајте го металниот дел.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.2: 1. Рачка за прекинувач за назад
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја насоката на
ротација пред работата.
Користете го прекинувачот за обратна акција
само откако алатот целосно ќе застане.
Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете го
прекинувачот за обратна акција од страна А за ротација
во насока на стрелките на часовникот или од страна B за
ротација во насока спротивна од стрелките на часовникот .
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Избирање на правилниот
насадник
Секогаш користете насадник со правилна големина
за завртки и навртки. Насадник со неправилна
големина ќе предизвика неправилен и непостојан
вртежен момент за стегање и/или оштетување на
завртката или навртката.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents