Makita CE001G Instruction Manual page 60

Cordless power cutter
Hide thumbs Also See for CE001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за други
причини што може да го оштетат алатот и овозможува тој
да запре автоматски. Преземете ги сите следни чекори
за да ги отстраните причините кога алатот е доведен до
привремено запирање или престанување на работата.
1.
Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се оладат.
3.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако алатот сопре поради
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Предупредување за преоптоварување
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, индикаторот за преоптоварување
ќе трепка црвено. Во овој случај, намалете го
оптоварувањето на алатот. Потоа индикаторот ќе
прекине да трепка.
► Сл.4: 1. Индикатор за преоптоварување
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувач со поништено копче за блокирање
може да доведе до ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако работи со едноставно
повлекување на прекинувачот за стартување
без да се притисне копчето за деблокирање.
Прекинувачот што треба да се поправи може
да доведе до ненамерно стартување на алатот
и тешка телесна повреда. Вратете го алатот во
сервисен центар на Makita за соодветна поправка
ПРЕД натамошна употреба.
За да не се повлече прекинувачот за стартување
случајно, обезбедено е копче за деблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за деблокирање и повлечете го прекинувачот
за стартување. Отпуштете го прекинувачот за
стартување за да запре.
► Сл.5: 1. Прекинувач за стартување 2. Копче за
деблокирање
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за деблокирање. Тоа може
да предизвика дефект на прекинувачот.
Пред да ја
НИКОГАШ не
НИКОГАШ не
60 МАКЕДОНСКИ
Вклучување на ламбата
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите ламбата, притиснете го копчето
за ламба. За исклучување, повторно притиснете го
копчето за ламба.
► Сл.6: 1. Копче за ламба 2. Ламба
НАПОМЕНА: Ламбата автоматски ќе се исклучи
ако не се работи со алатот една минута.
Нагодување на капакот на
тркалото
Држете ја дршката на капакот на тркалото и
нагодете ја позицијата на капакот на тркалото
соодветна за вашата работа.
► Сл.7: 1. Дршка на капакот на тркалото
Технологија за препознавање
активен фидбек
Алатот електронски открива ситуации каде тркалото
може да е изложено на ризик да биде ограничени.
Во таа ситуација, алатот автоматски се исклучува
за да спречи додатна ротација на вретеното (не
спречува повратен удар).
За да го рестартирате алатот, прво исклучете го,
отстранете ја причината за ненадејниот пад на
брзината на ротација, а потоа вклучете го.
Електрична сопирачка
Електричната сопирачка се активира по
исклучување на алатот.
Сопирачката нема да работи кога ќе се исклучи
напојувањето, како при ненадејно отстранување на
батеријата додека прекинувачот е вклучен.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Поставување или вадење на
тркалото за абразивно сечење/
дијамантското тркало
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita за
ставање или вадење на тркалото.
ВНИМАНИЕ:
Кога го монтирате тркалото,
цврсто стегнете ја завртката.
ВНИМАНИЕ:
Не притискајте го копчето за
блокада на оската кога тркалото се ротира.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents