Makita DUH506 Instruction Manual page 64

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH506:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Држете го алатот со двете раце, држете ја предната
рачка додека го притискате лостот на прекинувачот,
повлечете го прекинувачот за стартување и потоа
придвижете го алатот нанапред.
► Сл.23
За основно работење, навалете ги сечилата за
стрижење во насока на стрижењето и движете ги
мирно и бавно со брзина од 3 до 4 секунди на метар.
► Сл.24
За рамномерно стрижење на живата ограда, врзете
ја жицата на саканата висина на живата ограда и
стрижете по нејзина должина.
► Сл.25
Ако примачот на деланки е прикачен на сечилата
за стрижење, тој ги собира отфрлените листови и
многу го олеснува подоцнежното расчистување.
► Сл.26
За рамномерно стрижење на страните на живата
ограда, сечете од долу нагоре.
► Сл.27
Кога сакате да направите кружен облик (потстрижување
зеленика или рододендрон, итн.), потстрижувајте од
коренот до врвот за убава завршница.
► Сл.28
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја бришете прашината со
сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилото за стрижење
Пред работењето или еднаш на час за време на
работата, нанесете масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во
вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.29
По работата, исчистете ја правта од двете страни на
сечилата за стрижење со жичена четка, избришете
ги со крпа и потоа нанесете доволна количина масло
со ниска вискозност (масло за машини или масло за
подмачкување во вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.30
ЗАБЕЛЕШКА:
стрижење во вода. Во спротивно, може да дојде
до кородирање или оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
предизвикуваат прекумерно триење на сечилата и
го намалуваат работното време на полната батерија.
Чување
Дупчето за закачување на дното од алатот е погодно за
закачување на алатот на шајка или завртка на ѕидот.
Прикачете го капакот за сечилото на сечилата за
стрижење за да не бидат изложени. Складирајте го
алатот надвор од дофат на деца. Складирајте го алатот
на место што не е изложено на влага или дожд.
► Сл.31: 1. Отвор
Брусење на сечилата за стрижење
ЗАБЕЛЕШКА:
значително се деформирале со брусење,
заменете ги со нови.
1.
Монтирајте ја касетата за батерија на алатот.
2.
Вклучете го и стартувајте го алатот така што
горното и долното сечило се поставуваат наизменично.
► Сл.32
3.
Исклучете го алатот и извадете ја касетата за
батерија од него.
4.
Поставете го аголот на турпијата на 35° и
брусете го горното сечило од 2 насоки со турпијата.
► Сл.33: (1) Турпија (2) 35°
ВНИМАНИЕ:
стрижење, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена
од алатот.
5.
Поставете го алатот наопаку и потоа отстранете ја
назабеноста од сечилата за стрижење со каменот за брусење.
► Сл.34: 1. Камен за брусење
6.
Поставете го аголот на турпијата на 35° и
брусете го долното сечило од 2 насоки со турпијата.
7.
Вратете го алатот во нормална положба и
потоа отстранете ја назабеноста од сечилата за
стрижење со каменот за брусење.
Подмачкување со масло
Интервал на подмачкување: на секои 50 часа работење
1.
Извадете ја завртката од отворот за подмачкување.
► Сл.35: 1. Завртка
2.
Извадете го капачето од садот со масло. Порамнете
го излезниот отвор на садот со масло со отворот на
капакот, а потоа свртете го садот со масло за да се прикачи
излезниот отвор на садот со масло во отворот.
► Сл.36: 1. Сад со масло 2. Отвор
3.
Нанесете масло на алатот (Приближно 3 г како
насочувач).
4.
Извадете го садот со масло.
5.
Затегнете ја завртката.
64 МАКЕДОНСКИ
Не мијте ги сечилата за
Нечистотијата и корозијата
Доколку сечилата за стрижење
Пред брусење на сечилата за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh606

Table of Contents