Makita DLS110 Instruction Manual page 138

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS110:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Функција за автоматско менување
на брзината
► Сл.12: 1. Индикатор за режим
Статус на индикатор за режим
Вклучено
Овој алат има „режим со голема брзина" и „режим
со голем вртежен момент". Автоматски го менува
работниот режим во зависност од работното
оптоварување. Кога индикаторот за режим ќе се
вклучи во текот на работењето, алатот е во режим
на голем вртежен момент.
Штитник на ножот
► Сл.13: 1. Штитник на ножот
Кога ја спуштате рачката, штитникот на ножот
автоматски се подигнува. Штитникот е затегнат со
пружина за да се враќа во почетната положба кога
ќе заврши сечењето и ќе се подигне рачката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги оневозможувате или вадите штитникот за
сечило или пружината прикачена на штитникот.
Изложеното сечило како резултат на оневозможен
штитник може да резултира со тешка телесна
повреда за време на работата.
Во интерес на вашата лична безбедност, секогаш
одржувајте го штитникот на ножот во добра состојба.
Секое неправилно функционирање на штитникот
на ножот мора веднаш да се поправи. Проверете
за да се уверите дали функционира пружината за
повратно дејство на штитникот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако штитникот за ножот
и пружината се оштетени, неисправни или
отстранети. Ако работите со алатот со оштетен,
неисправен или отстранет штитник, може да дојде
до тешка телесна повреда.
Ако проѕирниот штитник на сечилото се извалка или
на него се залепи прав на таков начин што сечилото
и/или работниот материјал веќе не се видливи,
отстранете ги батериите и внимателно исчистете
го штитникот со влажна крпа. Не користете
растворувачи или какви било средства за чистење
на база на бензин врз пластичниот штитник бидејќи
тоа може да предизвика оштетување на штитникот.
Работен режим
Исклучено
Режим со голема
брзина
Режим на голем
вртежен момент
Никогаш немојте да
Никогаш не
Ако штитникот на сечилото е особено нечист и
видливоста низ него е намалена, отстранете ги
батериите и олабавете ја шестаголната завртка што
го држи централниот капак со испорачаниот клуч.
Олабавете ја шестаголната завртка вртејќи ја налево
и подигнете ги штитникот на сечилото и централниот
капак. Со штитникот на сечилото поставен на таков
начин, чистењето може да се изврши целосно
и поефикасно. Кога ќе завршите со чистењето,
повторете ја постапката по обратен редослед
и прицврстете ја завртката. Не отстранувајте ја
пружината што го држи штитникот на сечилото.
Ако штитникот ја промени својата боја со текот на
времето или поради изложеност на ултравиолетова
светлина, стапете во контакт со сервисен центар на
Makita за да набавите нов штитник. НЕМОЈТЕ ДА ГО
БЛОКИРАТЕ ИЛИ ВАДИТЕ ШТИТНИКОТ.
► Сл.14: 1. Средишен капак 2. Имбус-клуч
3. Штитник на ножот
Табли со засеци
Овој алат доаѓа со вградени табли со засеци во
вртливата основа за сведување на минимум на
абењето на излезната страна од засекот. Основите
со засеци се фабрички нагодени, така што ножот
на пилата не е во допир со таблите со засеци.
Пред употребата, нагодете ги таблите со засеци на
следниот начин:
► Сл.15: 1. Табла со засеци
► Сл.16: 1. Лево закосено сечење 2. Праволиниско
сечење 3. Десно закосено сечење 4. Нож
за пила 5. Запци на ножот 6. Табла со
засеци
Прво, отстранете ги батериите. Олабавете ги сите
завртки (по 2 на лево и десно) обезбедувајќи ги
таблите со засеци додека тие сè уште можат лесно
да се придвижуваат со рака. Целосно спуштете
ја рачката, а потоа повлечете го и турнете го
осигурувачот за стопирање за да ја блокирате
рачката во спуштената положба. Ослободете го
осигурувачот за стопирање на лизгачкиот столб и
повлечете го носачот целосно кон себе. Нагодете
ги таблите со засеци, така што само ќе ги допираат
страните од запците на сечилото. Стегнете ги
предните шрафови (не стегнувајте ги цврсто).
Турнете го носачот целосно кон насочниот граничник
и нагодете ги таблите со засеци, така што само ќе ги
допираат страните од запците на сечилото. Стегнете
ги задните шрафови (не стегнувајте ги цврсто).
Откако ќе ги нагодите таблите со засеци,
ослободете го осигурувачот за стопирање и
подигнете ја рачката. Потоа, цврсто стегнете ги сите
завртки.
ЗАБЕЛЕШКА:
на закосување, уверете се дека таблите со
засеци се правилно нагодени. Правилното
нагодување на таблите со засеци ќе помогне во
обезбедувањето правилна поддршка на работниот
материјал со што ќе се намали неговото абење.
138 МАКЕДОНСКИ
Откако ќе го поставите аголот

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls111Dls112Dls111zu

Table of Contents