Makita DLS110 Instruction Manual page 133

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for DLS110:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Држете ги рацете надвор од патеката на
движење на ножот на пилата. Избегнувајте
допир со нож што врти слободно. Тоа сè
уште може да предизвика тешка повреда.
За да се намали ризикот од повреда, враќајте
6.
го носачот на последната задна позиција по
секоја операција на вкрстено сечење.
7.
Секогаш фиксирајте ги сите подвижни
делови пред да го пренесувате алатот.
8.
Осигурувачот или лостот за стопирање, кој
ја блокира главата на пилата надолу, служи
само за пренесување и складирање, а не за
операции за сечење.
Внимателно проверувајте дали ножот
9.
е оштетен или има пукнатини пред да
започнете со работа. Ако е пукнат или
оштетен, заменете го ножот веднаш.
Наслагите и дрвените отпадоци кои
остануваат залепени на ножот, ја забавуваат
пилата и го зголемуваат потенцијалот за
повратен удар. Одржувајте го ножот чист
прво вадејќи го од алатот, потоа чистејќи го
со отстранувач на наслаги, врела вода или
керозин. Никогаш не користете бензин за
чистење на ножот.
10. При потезно сечење, може да се случи
ПОВРАТЕН УДАР. До ПОВРАТЕН УДАР може
да дојде кога ножот се сврзува со работниот
материјал за време на операцијата на
сечење и ножот на пилата брзо се движи
кон операторот. Тоа може да доведе до
губење на контролата врз алатот и сериозни
телесни повреди. Ако ножот почнува
да се сврзува за време на сечењето,
не продолжувајте со сечење и веднаш
отпуштете го прекинувачот.
11.
Користете само фланши наменети за овој алат.
12. Внимавајте да не ги оштетите вратилото,
фланшите (особено површината за монтирање)
или завртката. Оштетувањето на тие делови
може да доведе до кршење на ножот.
13. Осигурете се вртливата основа да е
правилно прицврстена за да не се движи
за време на работата. Користете ги дупките
во основата за да ја зацврстите пилата на
стабилна работна платформа или клупа.
НИКОГАШ не користете алат каде што
позиционирањето на операторот ќе биде
непријатно.
14. Осигурете блокадата на оската да
е ослободена пред да го вклучите
прекинувачот.
15. Осигурете се дека ножот не е во допир со
вртливата основа кога е во најниска положба.
16. Цврсто држете ја рачката. Имајте предвид
дека при стартување и запирање, пилата се
движи малку нагоре или надолу.
17. Внимавајте ножот да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
прекинувачот.
18. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Проверете дали има вибрации
или осцилации што може да укажуваат на
лошо монтирање или неизбалансиран нож.
19. Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
20. Не обидувајте се да го блокирате
прекинувачот во положбата „ВКЛУЧЕНО".
21. Секогаш користете додатоци што се
препорачани во ова упатство. Користењето
несоодветни додатоци, како што се
абразивните тркала, може да предизвика
повреда.
22. Некои материјали содржат хемикалии што
може да бидат токсични. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
23. Не користете кабелско напојување со овој
алат.
Дополнителни сигурносни правила за ласерот
1.
ЛАСЕРСКО ЗРАЧЕЊЕ, НЕ ЗЈАПАЈТЕ ВО
ЗРАКОТ И НЕ ГЛЕДАЈТЕ ГО ДИРЕКТНО
СО ОПТИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ, ЛАСЕРСКИ
ПРОИЗВОД ОД КЛАСА 2М.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
Ако оперативното времето станало
3.
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
4.
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
133 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls111Dls112Dls111zu

Table of Contents