Makita DLS714 Instruction Manual page 97

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
Инструкции за безбедност за
аголни пили
Аголните пили се наменети за сечење дрво
1.
или производи слични на дрво. Тие не може
да се користат со абразивни тркала за сечење
за сечење железни материјали како шипки,
прачки, столпчиња, итн. Абразивната прашина
предизвикува подвижните делови, како што е
долниот штитник, да се заглават. Искрите од
абразивното сечење ќе го изгорат долниот штитник,
влошката за засекот и другите пластични делови.
Користете стеги за да го поддржите работниот
2.
материјал секогаш кога тоа е можно. Ако го
потпирате работниот материјал со рака, секогаш
мора да ја држите вашата рака на оддалеченост
од најмалку 100 мм од двете страни на ножот
на пилата. Не користете ја оваа пила за сечење
парчиња што се премали за да бидат безбедно
прицврстени или држени со рака. Ако вашата рака
е поставена преблизу до ножот на пилата, постои
зголемен ризик од повреда при контакт со ножот.
3.
Работниот материјал мора да биде фиксиран
и прицврстен или да биде потпрен и на
граничникот и на масата. Немојте да го
вметнувате работниот материјал во ножот ниту
пак да сечете „со слободна рака" на каков било
начин. При високи брзини може да се исфрлат
неприцврстените парчиња или делови од работниот
материјал кои се движат и да предизвикаат повреди.
Туркајте ја пилата низ работниот материјал.
4.
Не влечете ја пилата низ работниот
материјал. За да направите рез, кренете ја
главата на пилата и повлече ја врз работниот
материјал без сечење, стартувајте го моторот,
притиснете ја главата на пилата надолу и
туркајте ја пилата низ работниот материјал.
Брзото сечење може да предизвика ножот на
пилата да се искачи на врвот на работниот
материјал и насилно да го исфрли склопот на
ножот кон операторот.
Прочитајте ги сите
97 МАКЕДОНСКИ
5.
Никогаш не префрлајте ја раката над
замислената линија на сечење пред или
зад ножот на пилата. Држејќи го работниот
материјал со „вкрстени раце", односно држејќи
го работниот материјал со левата рака на
десната страна од ножот на пилата или
обратно е многу опасно.
► Сл.1
6.
Не посегнувајте зад граничникот со
ниту една рака поблиску од 100 мм од
двете страни на ножот на пилата за да
ги отстраните деланките од дрвото или
поради која било друга причина додека
ножот се врти. Близината на ножот на пилата
што се врти до вашата рака може да не биде
очигледна и може сериозно да се повредите.
Проверете го работниот материјал пред
7.
сечењето. Ако работниот материјал е наведнат
или искривен, стегнете го со надворешната
наведната страна кон граничникот. Секогаш
бидете сигурни дека не постои јаз помеѓу
работниот материјал, граничникот и масата
долж линијата на резот. Наведнатите или
искривените работни материјали може да се
извиткаат или поместат и при сечењето може да
предизвикаат сврзување на ножот на пилата што
се врти. Не треба да има клинци ниту туѓи објекти
во работниот материјал.
8.
Не користете ја пилата додека не ја исчистите
масата од сите алатки, отпадоци од дрво итн.,
освен работниот материјал. Со голема брзина
може да бидат исфрлени мали остатоци или
разлабавени парчиња од дрво или други предмети
кои имаат контакт со ротирачкото сечило.
Сечете само еден по еден работен материјал.
9.
Повеќе наредени работни материјали не може
соодветно да се прицврстат или опфатат и може
да се сврзат на ножот или да се поместат за
време на сечењето.
10. Осигурете се дека аголната пила е монтирана
или поставена на рамна, цврста работна
површина пред употребата. Рамната и цврста
работна површина го намалува ризикот од
нестабилност на аголната пила.
11.
Планирајте ја вашата работа. Секогаш кога
ќе ги промените поставувањата на аголот
на закосеност или аголот на спој, бидете
сигурни дека нагодливиот граничник е
правилно поставен за да го поддржува
работниот материјал и да не му пречи на
ножот или системот за заштита. Без да го
поставите алатот на „ВКЛУЧИ" и без работен
материјал на масата, придвижете го ножот
на пилата низ целосно симулираниот рез за
да се осигурите дека нема да има пречки или
опасност од сечење на граничникот.
12. Обезбедете соодветна поддршка, како што
се продолжетоци за маса, ногарки, итн.
за работен материјал што е поширок или
подолг од површината на масата. Работниот
материјал што е подолг или поширок од масата
на аголната пила може да се преврти ако не е
добро поддржан. Ако пресеченото парче или
работниот материјал се превртат, може да го
подигнат долниот штитник или ножот може да
ги исфрли.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls714nz

Table of Contents