Makita DLS714 Instruction Manual page 112

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Прицврстете ги лизгачките шипки така што
долната лизгачка шипка е блокирана во положбата
на носачот целосно повлечен кон операторот и
горните шипки да се блокирани во положбата
на носачот турнат целосно напред до насочниот
граничник.
4.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
5.
Носете го алатот држејќи ги двете страни на
неговата основа. Ако ги извадите држачите, вреќата
за прав итн, пренесувањето на алатот ќе биде
полесно.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
го сечилото остро и чисто за да се добива
најдобра и најбезбедна изведба. Ако се обидете
да сечете со истапено и/или нечисто сечило, може
да настане повратен удар и да резултира со тешка
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Нагодување на аголот на сечење
Овој алат е внимателно фабрички нагоден и
порамнет, но грубото работење со него може да
влијае врз порамнувањето. Ако вашиот алат не е
правилно порамнет, направете го следното:
Агол на спој
1.
Турнете го носачот кон насочниот граничник
и стегнете ги двете клемасти завртки за да го
прицврстите носачот.
2.
Ротирајте ја вртливата основа, така што
покажувачот ќе покажува 0° на скалата за спојот.
3.
Ротирајте ја вртливата основа малку надесно
и налево за вртливата основа да навлезе во засекот
на спојот под агол од 0°. (Ако покажувачот не
покажува 0°, оставете го како што е).
4.
Олабавете ги завртките со имбус-глава што
го прицврстува насочниот граничник со помош на
имбус-клуч.
► Сл.55: 1. Насочен граничник 2. Завртка со
имбус-глава
5.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
Секогаш одржувајте
112 МАКЕДОНСКИ
6.
Нагодете го насочниот граничник додека не
направи нормален агол со сечилото, користејќи
триаголен линијар, правоаголен линијар или сл.
Потоа цврсто стегнете ги завртките со имбус-глава
на насочниот граничник по ред почнувајќи од
десната страна.
► Сл.56: 1. Триаголен линијар 2. Насочен
граничник
7.
Осигурете се покажувачот да покажува 0° на
скалата за спојот. Доколку покажувачот не покажува
0°, олабавете ја завртката што го прицврстува
покажувачот и нагодете го покажувачот, така што ќе
покажува 0°.
► Сл.57: 1. Завртка 2. Скала за спој 3. Покажувач
Агол на закосеност
Агол на закосеност од 0°
► Сл.58: 1. Лост 2. Држач на рака 3. Завртка за
нагодување агол на закосеност од 0°
4. Рака 5. Копче за ослободување
1.
Турнете го носачот кон насочниот граничник
и стегнете ги двете клемасти завртки за да го
прицврстите носачот.
2.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
3.
Олабавете ја рачката на задниот дел од алатот.
4.
Свртете ја завртката за нагодување агол
на закосеност од 0° (долна завртка) од десната
страна на раката два или три круга налево за да го
навалите сечилото надесно.
5.
Внимателно свртете ја завртката за нагодување
агол на закосеност од 0° во правец на стрелките на
часовникот, додека страната на сечилото не направи
нормален агол со горната површина на вртливата
основа. Користете триаголен линијар, правоаголен
линијар или сл. како насочувач. Потоа, цврсто
стегнете го лостот.
► Сл.59: 1. Триаголен линијар 2. Сечило 3. Горна
површина на вртливата маса
6.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
0° на скалата за закосеност. Доколку не покажува
0°, олабавете ја завртката што го прицврстува
покажувачот и нагодете го покажувачот, така што ќе
покажува 0°.
► Сл.60: 1. Скала за закосеност 2. Покажувач
3. Завртка
Агол на закосеност од 45°
► Сл.61: 1. Завртка за нагодување лев агол на
закосеност од 45°
Нагодете го аголот на закосеност од 45° само откако
ќе го нагодите аголот на закосеност од 0°.
1.
Олабавете го лостот и целосно навалете го
сечилото налево.
2.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
45° на скалата за закосеност. Доколку покажувачот
не покажува 45°, вртете ја завртката за нагодување
агол на закосеност од 45° (горна завртка) од десната
страна на раката додека покажувачот не покаже 45°.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dls714nz

Table of Contents