Makita LC1230 Instruction Manual page 45

Metal cutting saw
Hide thumbs Also See for LC1230:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Агли на сечење
► Сл.14
Обезбедете го работниот материјал во стегата
како што е прикажано на Слика А и продолжете
со сечење. Векот на сечилото од пилата ќе се
скрати ако работниот материјал се сече како што е
прикажано на Слика Б.
ВНИМАНИЕ:
НЕ сечете го работниот материјал како што
е прикажано на Слика В затоа што може
да предизвика исфрлање на работниот
материјал од стегата и може да предизвика
повреда.
Сечилото од пилата повеќе се аби кога се сече
областа А прикажана на слика Б. Ставете дрвен
блок крај работниот материјал како што е прикажано
на слика Г така што сечилото на пилата ќе навлезе
во областа А под агол. Тоа ќе помогне да се
продолжи животниот век на сечилото од пилата.
Дозволените димензии се сечење се намалени
кога се користи дрвен блок. Користете дрвен блок
чиишто димензии се еднакви на максималните
дозволени димензии за сечење минус димензиите
од работниот материјал што треба да се сече. Тоа
дополнително ќе го минимизира намалувањето на
животниот век на сечилото од пилата.
Сечење цевки, квадрати и
жлебови
► Сл.15
Сечилото од пилата е подложно на поголемо
абење кога се сечат областите А и Б на сликите Ѓ
и Е. Ставете дрвен блок крај работниот материјал
како што е прикажано на сликите Ж и З така што
сечилото на пилата ќе навлезе во областите А и Б
под агол. Тоа ќе помогне да се намали скратувањето
на животниот век на сечилото од пилата.
Дозволените димензии се сечење се намалени
кога се користи дрвен блок. Користете дрвен блок
чиишто димензии се еднакви на максималните
дозволени димензии за сечење минус димензиите
од работниот материјал што треба да се сече. Тоа
дополнително ќе го минимизира намалувањето на
животниот век на сечилото од пилата.
Сечење правоаголници
► Сл.16
Обезбедете го работниот материјал во стегата
како што е прикажано на Слика Ѕ и продолжете со
сечење.
ВНИМАНИЕ:
НЕ сечете го работниот материјал како што
е прикажано на Слика И затоа што може
да предизвика исфрлање на работниот
материјал од стегата и може да предизвика
повреда.
Транспорт на алатот
► Сл.17
Склопете ја главата на алатот во положба во
којашто ќе можете да го закачите синџирот за куката
од рачката. При транспортот, држете го алатот за
рачката за носење.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Заменување на сечилото од
пилата
Ако продолжите да користите сечило што е тапо
и изабено, можете да предизвикате преголемо
оптоварување на моторот и намалување на
ефикасноста на сечењето. Заменете го со ново
сечило штом не е ефикасно повеќе.
Замена на јагленските четкички
► Сл.18: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.19: 1. Одвртка 2. Капаче на држач на
четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
По употреба
По употребата, избришете ги делканиците и
правот залепени на алатот со крпа или нешто
слично. Одржувајте го штитникот за сечило чист
во согласност со упатствата во претходниот дел
насловен „Штитник за сечило". Подмачкајте ги
лизгачките делови со машинско масло за да
спречите корозија.
45 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lc1230n

Table of Contents