Makita LC1230 Instruction Manual page 41

Metal cutting saw
Hide thumbs Also See for LC1230:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
од примената, користете заштита за
лицето, безбедносни затемнети очила или
заштитни очила. Зависно од работата,
носете маска за прашина, штитници за уши,
ракавици и престилка што може да сопре
мали отпадоци разлетани од работниот
материјал. Заштитата за очи треба да сопира
разлетан отпад произведен од работата.
Маската за прашина или респираторот треба
да можат да ги филтрираат честичките што
ги произведува вашата работа. Подолга
изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
4.
Не работете со пилата за сечење метал
во близина на запаливи или согорливи
материјали. Искрите и/или жешките струготини
за време на сечењето може да ги запалат овие
материјали.
5.
Секогаш користете стеги за да го поддржите
работниот материјал. Никогаш не
поддржувајте го работниот материјал со
рака. Не користете ја оваа пила за сечење
парчиња што се премали за да бидат
безбедно прицврстени. Ако вашата рака е
поставена преблизу до ножот за пилата, постои
зголемен ризик од повреда при контакт со ножот.
6.
Работниот материјал мора да биде
стациониран и затегнат со менгеме. Немојте
да го вметнувате работниот материјал во
ножот ниту пак да сечете „со слободна
рака" на каков било начин. При високи
брзини може да се исфрлат неприцврстените
парчиња или делови од работниот материјал
кои се движат и да предизвикаат повреди.
Никогаш не префрлајте ја раката над
7.
замислената линија на сечење пред или
зад ножот на пилата. Држејќи го работниот
материјал со „вкрстени раце", односно држејќи
го работниот материјал со левата рака на
десната страна од ножот на пилата или
обратно е многу опасно.
8.
Не посегнувајте зад сопирачот на менгемето
со ниту една рака од двете страни на ножот
за пилата за да ги отстраните деланките од
дрвото или поради која било друга причина
додека ножот се врти. Близината на ножот за
пилата што се врти до вашата рака може да не
биде очигледна и може сериозно да се повредите.
Проверете го работниот материјал пред
9.
сечењето. Ако работниот материјал е
наведнат или искривен, секогаш бидете
сигурни дека не постои јаз помеѓу
стегнатиот работен материјал, менгемето и
сопирачот на менгемето долж линијата на
резот. Наведнатите или искривените работни
материјали може да се извиткаат или поместат
и при сечењето може да предизвикаат
сврзување на ножот за пилата што се врти.
10. Не користете ја пилата додека не ја
исчистите масата од сите алатки, отпадоци
итн., освен работниот материјал. Со голема
брзина може да бидат исфрлени мали остатоци
или разлабавени парчиња од железни или
други предмети на масата што имаат контакт
со ротирачкото сечило.
11.
Сечете само еден по еден работен материјал.
Повеќе наредени работни материјали не може
соодветно да се прицврстат или опфатат и може
да се сврзат на ножот или да се поместат за
време на сечењето.
12. Осигурете се дека електричниот алат е
монтиран или поставен на рамна, цврста
работна површина пред употребата.
Рамната и цврста работна површина го
намалува ризикот од нестабилност на
електричниот алат.
13. Обезбедете соодветна поддршка, како што се
блокови, ногарки, итн. за работен материјал
што е поширок или подолг од површината на
масата. Работниот материјал што е подолг или
поширок од масата на пилата за сечење метал
може да се преврти ако не е добро поддржан.
Ако пресеченото парче или работниот материјал
се превртат, може да го подигнат долниот
штитник или ножот може да ги исфрли.
14. Не користете друго лице како замена
за продолжеток на масата или како
дополнителна поддршка. Нестабилна
поддршка на работниот материјал може
да предизвика сврзување на ножот или
префрлање на работниот материјал за време
на операцијата на сечење повлекувајќи ве вас
и вашиот помошник кон ножот што се врти.
15. Отсеченото парче не треба да се заглавува
или притиска на каков било начин кон ножот
за пилата што се врти. Ако е во ограничен
простор, односно употребувате стопери за
должина, отсеченото парче би можело да се
заглави во ножот и насилно да биде исфрлено.
16. Секогаш користете го менгемето и правилно
поддржете го работниот материјал земајќи
го предвид неговиот облик. На пример,
шипките и каналите имаат тенденција да се
вртат или поместуваат додека се сечат, со што
се предизвикува сечилото да „гризе" и да го
повлече материјалот со вашата рака кон ножот.
17. Ножот треба да достигне полна брзина пред
да дојде во контакт со работниот материјал.
Ова ќе го намали ризикот од исфрлање на
работниот материјал.
18. Ако работниот материјал или ножот се
заглават, исклучете го електричниот алат.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и
исклучете го кабелот од изворот на енергија
и/или извадете ја батеријата. Потоа пробајте
да го извадите заглавениот материјал. Ако
продолжите да сечете со заглавен работен
материјал, може да изгубите контрола врз
електричниот алат или пак да го оштетите.
19. По завршувањето на сечењето, отпуштете го
прекинувачот, држете ја главата на пилата надолу
и почекајте ножот да запре пред да го отстраните
отсеченото парче. Опасно е да посегнувате со
раката во близина на движечкото сечило.
20. Држете ја цврсто рачката при правење
нецелосен рез или кога го отпуштате
прекинувачот пред главата на пилата да
е целосно во позиција надолу. Силата на
сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата одеднаш да се повлече
надолу, предизвикувајќи ризик од повреда.
41 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lc1230n

Table of Contents