Makita DLM462 Instruction Manual page 75

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM462:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
33. Кога ќе се залепат лисја или нечистотија
на устието на смукалката (прозорецот за
вентилација) поради дожд, отстранете ги.
34. Не користете ја машината на снег.
35. Ако отсечената трева е влажна, веројатно
е дека ќе биде заглавена во машината.
Редовно проверувајте ја состојбата на
машината и отстранете ја залепената трева
ако е потребно.
36. Кога ракувате со машината, внимавајте на
цевки и жици.
37. Не користете напојување со кабел, како што
се адаптер за батерии или пренослив пакет
за напојување, со оваа машина. Кабелот
од таквото напојување може да ја попречи
работата и да резултира со телесна повреда.
Одржување и чување
Заменувајте ги изабените и оштетените
1.
делови заради безбедност. Користете само
оригинални делови и додатоци за замена.
2.
Проверувајте ја и одржувајте ја косилката
редовно.
3.
Кога не се користи, складирајте ја косилката
надвор од дофат на деца.
4.
Одржувајте ги сите навртки и завртки
стегнати за да бидете сигурни дека
опремата е во безбедна работна состојба.
Често проверувајте дали корпата за трева
5.
е изабена или дотраена. За складирање,
секогаш погрижете се корпата за трева да
е празна. Заменете ја изабената корпа за
трева со нова, фабрички заменета, заради
безбедност.
6.
Користете само оригинални сечила од
производителот назначени во ова упатство.
7.
Внимавајте при прилагодувањето на
косилката да спречите да дојде до
заглавување на прстите помеѓу сечилата што
се движат и фиксните делови на косилката.
Проверувајте на чести временски
8.
интервали, дали завртката за монтирање на
сечилото е правилно стегната.
9.
Секогаш оставајте ја косилката да се олади
пред да ја складирате.
10. Кога ги сервисирате сечилата, имајте
предвид дека дури и ако алатот не е
приклучен во извор на електрична енергија,
сечилата сè уште може да се во движење.
11.
Никогаш не отстранувајте ги и не менувајте
ги безбедносните уреди. Проверувајте
го нивното правилно функционирање
редовно. Никогаш не правете нешто што
би ја попречило наменетата функција на
безбедносниот уред или би ја намалило
заштитата што тој ја дава.
12. Не оставајте ја машината без надзор надвор
на дожд.
13. Не мијте ја машината со вода под висок
притисок.
14. При миење на машината, отстранете
ја батеријата и клучот за блокирање и
затворете го капакот на батеријата. Ставајте
вода кон дното на машината на коешто е
закачено сечилото.
15. При складирање на машината, избегнувајте
директна сончева светлина и дожд и
складирајте ја на ладно и суво место.
16. Инспекцијата или одржувањето изведувајте
ги на места засолнати од дожд.
17. По користење на машината, отстранете
ја залепената нечистотија и исушете ја
машината целосно пред да ја складирате.
Зависно од сезоната и областа, постои ризик
од дефект поради замрзнување.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте контакт
со неа. Ако дојде до ненамерен контакт,
измијте со вода. Ако течноста дојде во допир
со очите, побарајте дополнителна медицинска
помош. Течноста што истекла од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
Не користете батерии или алат што се
5.
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
Не изложувајте ги батериите или алатот
6.
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален
отпад.
2.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
3.
влажни места.
4.
Не полнете ја батеријата надвор.
75 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm530Dlm532Dlm462pt4

Table of Contents