Makita CL117FD Instruction Manual page 60

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for CL117FD:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање или вадење
на филтерот со запирач/
HEPA-филтерот
Опционален прибор
За филтерот со запирач и сунѓер
За да го извадите запирачот, притиснете го долниот
дел од столпчињата на запирачот со прстите и
отпуштете го неговиот жлеб од испакнатиот дел на
правосмукалката. Потоа извадете го сунѓерестиот
филтер.
► Сл.17: 1. Запирач 2. Сунѓерест филтер
За монтирање, порамнете ги жлебовите на
запирачот со испакнатиот дел на правосмукалката и
притискајте додека не кликне.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу столпчињата
и поставете го во оригиналната позиција.
За HEPA-филтерот
Кога го монтирате HEPA-филтерот, поставете го
жлебот на HEPA-филтерот со испакнатиот дел на
правосмукалката. Потоа ставете го предфилтерот
или филтерот со високи перформанси на HEPA-
филтерот и завртете го за да се зацврсти. За
вадење, следете ја постапката за монтирање по
обратен редослед.
► Сл.18: 1. HEPA-филтер 2. Предфилтер
► Сл.19: 1. HEPA-филтер 2. Филтер со високи
перформанси
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Не движете го лицето блиску
до отворот за вентилација кога работите со
правосмукалката. Ако туѓи објекти навлезат во
очите, може да резултираат со лична повреда.
Монтирање и вадење на
додатоците за правосмукалка
ВНИМАНИЕ:
По монтирање на додатокот,
проверете дали е монтиран безбедно. Доколку
додатокот е монтиран неправилно, може да се
откачи и да предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе ги вадите додатоците,
внимавајте да не ја удрите раката од ѕидот или
слично.
Кога користите додаток со
функција за заклучување
За монтирање на додатокот, вметнете го во отворот
за смукање на правосмукалката додека не кликне.
Погрижете се додатокот да се заклучи.
► Сл.20: 1. Отвор за смукање 2. Додаток со
функција за заклучување 3. Кука 4. Копче
за отпуштање
ЗАБЕЛЕШКА:
со функција за заклучување, порамнете го
копчето за отпуштање на правосмукалката со
куката на додатокот. Доколку не се порамнети,
додатокот нема да се заклучи и може да се откачи
од правосмукалката.
За да го извадите додатокот, извлечете ја
правосмукалката додека го туркате и држите
копчето за отпуштање.
► Сл.21: 1. Копче за отпуштање 2. Додаток со
функција за заклучување
Кога користите додаток без
функција за заклучување
ВНИМАНИЕ:
без функција за заклучување, вметнете го
во отворот за смукање на правосмукалката
извиткувајќи го како што е прикажано
на сликата. За да го откачите додатокот,
отпуштете го од правосмукалката извиткувајќи
го како што е прикажано на сликата.
Избегнувајте виткање на додатокот во насока
што е спротивна на стрелката на сликата,
бидејќи може да ја олабави капсулата од
правосмукалката.
► Сл.22
Нагодување на должините на
лизгачката продолжна цевка
Опционален прибор
Лизгајте го и држете го копчето за лизгање напред
или назад за да ја ослободите бравата. Извлечете
ја лизгачката цевка до саканите должини. Потоа
отпуштете го копчето за лизгање за да ја заклучите
лизгачката цевка во положбата.
► Сл.23: 1. Копче за лизгање 2. Лизгачка цевка
НАПОМЕНА: За сигурна инсталација, погрижете
се малку да ја повлечете лизгачката цевка
навнатре и нанадвор за да ја заглавите бравата
откако ќе го ослободите копчето за лизгање.
► Сл.24
Чистење (смукање)
Додаток
Приклучете го додатокот за чистење маси, бироа,
мебел и сл. Додатокот лесно влегува на место.
► Сл.25: 1. Додаток
Млазница + Продолжна цевка
Издолжувачот влегува помеѓу додатокот и самата
правосмукалка. Овој распоред е погоден за чистење
во стоечка положба.
► Сл.26: 1. Тело на правосмукалката 2. Продолжна
цевка 3. Додаток
60 МАКЕДОНСКИ
Кога ќе го монтирате додатокот
За да монтирате додаток

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents