Makita DF001D Instruction Manual page 22

In-line cordless screwdriver
Hide thumbs Also See for DF001D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на алатот, осигурете се да е исклучен.
Полнење на вградената батерија
ВНИМАНИЕ:
Користете само адаптер за
наизменична струја и USB-кабел на Makita за да
го наполните алатот. Користењето други типови
адаптери за наизменична струја и USB-кабли
може да предизвика батеријата да се распука
резултирајќи со телесна повреда и оштетување.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш откачувајте го
приклучокот за полнење од алатот по
полнењето.
► Сл.1
► Сл.2
Поврзете го USB-кабелот со адаптерот за
наизменична струја, а потоа вклучете го адаптерот
во приклучокот за напојување. Отворете го капакот
за конектор на алатот, а потоа поврзете го USB-
кабелот со конекторот.
Пред првото користење, наполнете ја вградената
батерија. Потребни се приближно 3 до 5 часа
за целосно полнење на батеријата. Времето на
полнење се разликува зависно од условите на
користење и преостанатиот капацитет на батеријата.
Откачете го USB-кабелот од алатот, а потоа
затворете го капакот на конекторот.
НАПОМЕНА: При полнењето, вградената батерија
и адаптерот за наизменична струја може да се
загреат. Ова е нормално и ќе продолжи додека
вградената батерија не се наполни целосно и
адаптерот за наизменична струја се исклучи од
приклучокот за напојување.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе сопре за време на работењето ако се
најде под еден од следниве услови:
Заштита од прегревање
Кога алатот е прегреан, автоматски запира. Во
оваа ситуација, оставете алатот да се олади пред
повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во таков
случај, наполнете ја батеријата.
Вклучување
► Сл.3
За да го стартувате алатот, едноставно турнете го
прекинувачот на страната А за ротација надесно
и на страната B за ротација налево. Отпуштете го
прекинувачот за да сопре алатот.
ВНИМАНИЕ:
насоката на ротација пред работата.
ЗАБЕЛЕШКА:
откако алатот целосно ќе запре. Менувањето
на насоката на ротација пред алатот целосно да
запре може да го оштети алатот.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.4
За да го вклучите светлото, притиснете го
прекинувачот на ламбата. За да го исклучите светлото,
притиснете го прекинувачот на ламбата повторно.
СОСТАВУВАЊЕ
Поставување или отстранување
бургија за одвртување
► Сл.5
За да монтирате бургија за одвртување, турнете ја
цврсто во држачот за бургија за одвртување. За да
отстраните бургија за одвртување, извлечете ја од
држачот за бургија за одвртување.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
го користите со облик во вид на пиштол или го
исправате за да го користите во рамен облик,
не држете го делот од алатот што се витка. Во
спротивно, овој дел може да ви ги штипне или
повреди раката и прстите.
► Сл.6
Алатот може да се користи на два начина: рамен облик
и облик во вид на пиштол, што се избира во зависност
од условите на работното место и одвртувањето.
Одвртување/завртување
► Сл.7
Поставете го врвот на бургијата за одвртување во
главата на завртката и применете притисок врз
алатот. Потоа, вклучете го алатот. Кога главата
за одвртување/завртување ќе се израмни со
површината на работниот материјал, пуштете го
прекинувачот.
22 МАКЕДОНСКИ
Секогаш проверувајте ја
Менувајте ја насоката само
Не гледајте директно во
Кога го виткате алатот за да

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents