Опис На Функциите - Makita LS002GZ01 Instruction Manual

Cordless slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS002GZ01:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
дека алатот е исклучен и касетата за батеријата
е извадена пред да направите нагодување
или проверка на функциите на алатот. Ако не
го исклучите алатот и не ја извадите касетата
за батеријата, може да дојде до тешка телесна
повреда предизвикана од случајно стартување.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.8: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го
јазичето на касетата за батерија со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се
блокира во место при што ќе се слушне звук. Ако можете
да го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока струја,
алатот автоматски се исклучува. Во таква ситуација,
исклучете го алатот и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
повторно вклучете го алатот.
Секогаш уверете се
131 МАКЕДОНСКИ
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот автоматски
запира. Во оваа ситуација, оставете алатот/батеријата
да се олади пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.9: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Блокирање на рачката
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете ја рачката
кога го ослободувате осигурувачот за
стопирање. Во спротивно, рачката ќе се активира,
а тоа може да резултира со телесна повреда.
Кога алатот се испорачува од фабриката, рачката е
блокирана во спуштена положба со осигурувачот за
стопирање. За да ја одблокирате рачката, повлечете
го осигурувачот за стопирање и ротирајте го за 90°
истовремено спуштајќи ја рачката малку.
► Сл.10: 1. Блокирана положба 2. Неблокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ls002g

Table of Contents