Makita JV101D Instruction Manual page 41

Hide thumbs Also See for JV101D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода
„Дупчење почетна дупка" и „Сечење со забивање".
Дупчење на почетна дупка
► Сл.14
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка со
дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете го ножот во
оваа дупка за да почнете да го правите засекот.
Сечење со забивање
► Сл.15
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите
следново.
1.
Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот на убодната пила да е поставен
токму над површината на материјалот.
2.
Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите алатот, и
спуштете го задниот дел на алатот нежно и полека.
3.
Кога ножот на ударната пила ќе продре низ
материјалот, полека спуштете ја основата на алатот
на површината на материјалот.
4.
Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
► Сл.16
За обликување на рабовите или за прилагодување
на димензиите, пројдете со ножот на ударната пила
лесно по исечените рабови.
Сечење метал
Секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот на ударната
пила. Наместо да користите разладувач, долниот
дел на материјалот можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
► Сл.17: 1. Црево (опционален додаток) 2. Капак
за прав
Работите со рамни засеци може да се вршат со
поврзување на алатот со правосмукалка Makita.
Вметнете го цревото од правосмукалката во отворот
на задниот дел од алатот.
Пред да почнете со работа, спуштете го капакот за
прав.
НАПОМЕНА: Не може да се одвојува правот кога
се прават косите пресеци.
Надолжен граничник
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
или отстранување на додатните делови,
проверувајте дали алатот е исклучен и
касетата со батеријата е извадена.
Рамни засеци
Кога неколкупати по ред сечете парчиња од 160 мм
или помалку, ако ја користите лизгачката основа, ќе
имате брзи, чисти, прецизни пресеци.
► Сл.18: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
За да ја монтирате лизгачката основа, ставете ја
во лизгачката основа на правоаголната дупка на
страната на основата, со насочувачот на лизгачката
основа свртен надолу. Излизгајте ја лизгачката
основа до позицијата на посакуваната ширина,
потоа зацврстете ја навртката за да ја прицврстите.
► Сл.19: 1. Имбус-клуч 2. Завртка 3. Шублер
4. Надолжен потпирач (шина-водилка)
Кружни пресеци
Кога сечете кругови или сводови со радиус од 170
мм или помалку, инсталирајте ја лизгачката основа
на следниов начин.
► Сл.20: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
1.
За да ја монтирате лизгачката основа, ставете
ја во лизгачката основа на правоаголната дупка на
страната на основата, со насочувачот на лизгачката
основа свртен надолу.
2.
Ставете ја циркуларната насочувачка игла
преку една од двете дупки на насочувачот на
основата. Навртете го копчето со навој за да ја
прицврстите иглата.
► Сл.21: 1. Копче со навој 2. Шублер 3. Надолжен
потпирач (шина-водилка) 4. Игличка
3.
Излизгајте ја лизгачката основа до
посакуваниот радиус на сечење, потоа зацврстете ја
навртката за да ја прицврстите. Потоа, поместете ја
основата целосно нанапред.
НАПОМЕНА: Секогаш користете ги ножевите бр.
B-17, B-18, B-26 или B-27 за ударна пила кога
сечете кругови или сводови.
Уред против распукување
Изборен додаток, само за моделот со
алуминиумска основа
ВНИМАНИЕ:
не може да се користи кога се прават коси
пресеци.
► Сл.22: 1. Основа 2. Уред против распукување
Може да се користи уред против распукување за
нераспукани засеци. За да го монтирате уредот против
распукување, поместете ја основата целосно нанапред
и наместете го уредот одзади на основата на алатот.
Кога ја користите покривната плоча, монтирајте го
уредот против распукување на неа.
41 МАКЕДОНСКИ
Пред секое монтирање
Уредот против распукување

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jv101dsmeJv101dzJv101dwae

Table of Contents