Makita DLM330 Instruction Manual page 83

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM330:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи за
време на работењето ако машината или батеријата
се најдат под еден од следниве услови.
Заштита од преоптоварување
Кога со машината/батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока струја,
машината автоматски запира, а индикаторската
ламбичка ќе светне црвено. Во таква ситуација,
исклучете ја машината и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
вклучете ја машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината е прегреана, таа автоматски ќе
запре и ламбичката на индикаторот ќе свети црвено.
Оставете ја машината да се олади пред повторно да
ја вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата е мал, машината
автоматски ќе запре, а индикаторската ламбичка ќе
светне црвено. Ако машината не работи дури ни кога
работат прекинувачите, извадете ја батеријата од
машината и наполнете ја.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да ја оштетат машината и
овозможува таа да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога машината е доведена до привремено запирање
или престанување на работата.
1.
Исклучете ја машината и потоа повторно
вклучете ја за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
НАПОМЕНА: Времето во кое ламбичката свети
зависи од температурата на работното место и
условите на батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.14: 1. Светилка на индикаторот
Кога преостанатиот капацитет на батеријата дојде
на ниско ниво, индикаторската ламбичка трепка
црвено. Со натамошна употреба, машината запира,
а индикаторската ламбичка светнува црвено. Во
оваа ситуација, наполнете ја батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.15: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
монтирате касетата за батеријата, секогаш
проверувајте дали рачката на прекинувачот
правилно се активира и се враќа во почетната
положба кога ќе се отпушти. Ако работите со
машина чиј прекинувач не работи исправно, може
да дојде до загуба на контролата и тешка телесна
повреда.
НАПОМЕНА: Косилката не стартува без да се
притисне копчето на прекинувачот, дури и ако
рачката на прекинувачот е повлечена.
НАПОМЕНА: Косилката може да не стартува
поради оптоварување кога ќе косите долго
одеднаш или кога ќе косите густа трева. Во тој
случај, зголемете ја височината на косењето.
Оваа косилка е опремена со клуч за блокирање и
рачен прекинувач. Ако забележите нешто необично
кај кој било од овие прекинувачи, веднаш запрете
со работа и нарачајте нивна проверка од страна на
најблискиот овластен сервисен центар на Makita.
83 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
Пред да ја

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm330zDlm330sm

Table of Contents