Makita M1902 Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for M1902:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Рендање
► Сл.11: 1. Почеток 2. Крај
Поставете ја предната основа на алатот рамно над
површината на работниот материјал, без ножевите
за рендето да допираат на работниот материјал.
Вклучете го алатот и почекајте додека сечилата
не ја достигнат целосната брзина. Потоа нежно
и рамномерно поместувајте го алатот нанапред.
Применете притисок врз предниот дел на алатот на
почетокот на рендањето и на задниот дел на крајот
од рендањето.
Брзината и длабочината на сечење го одредуваат
степенот на завршна обработка. За добра завршна
обработка, рендајте длабоко додека да дојдете
приближно на саканата длабочина, а потоа рендајте
тенко и полека, како крајни потези.
Преклопување (Жлебување)
► Сл.12
За да направите степенест засек како што е
прикажано на сликата, користете го граничникот за
раб (линијар-насочувач).
Нацртајте линија за сечење на работниот материјал.
Вметнете го граничникот за раб во дупката пред
алатот. Порамнете го работ на ножот со линијата за
сечење.
► Сл.13: 1. Раб на ножот 2. Линија за сечење
Нагодете го граничникот за раб додека не дојде во
контакт со страната на работниот материјал, а потоа
прицврстете го со стегање на завртката.
► Сл.14: 1. Завртка 2. Граничник за раб
Кога сечете, движете го алатот со граничникот за
раб порамнет со страната на работниот материјал.
Во спротивно, може да дојде до нерамномерно
рендање.
► Сл.15
Максималната длабочина на преклопување
(жлебување) е 9 мм (11/32").
Ако сакате да ја зголемите должината на
граничникот, може да прикачите дополнително
дрвено парче. Соодветни дупчиња се поставени
на граничникот за оваа цел, а исто така и за
прикачување продолжен насочувач (опционален
додаток).
► Сл.16
НАПОМЕНА: Обликот на линијарот-насочувач
се разликува од една до друга држава. Во некои
држави, линијарот-насочувач не се вклучува како
стандарден додаток.
Закосување
► Сл.17
► Сл.18
За да направите закосен засек како што е прикажано
на сликата, порамнете го жлебот „V" во предната
основа со работ на материјалот и рендајте.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на ножевите на
електричното ренде
Само за конвенционални ножеви за ренде
Секогаш одржувајте ги ножевите за ренде остри
за да постигнете најдобри резултати. Користете го
држачот за острење (опционален додаток) за да ги
отстраните нерамнините и за да направите мазен
раб.
► Сл.19: 1. Држач за острење
Прво, олабавете ги двете навртки-пеперутки на
држачот и вметнете ги ножевите (А) и (B), така што
ќе ги допираат страните (C) и (D). Потоа стегнете ги
навртките-пеперутки.
► Сл.20: 1. Навртка-пеперутка 2. Нож за
електрично ренде (A) 3. Нож за
електрично ренде (B) 4. Страна (D)
5. Страна (C)
Потопете го каменот за брусење две или три минути
пред да почнете со острењето. Држете го држачот,
така што двата ножа да се во контакт со каменот за
острење за истовремено острење под истиот агол.
► Сл.21
Замена на карбонските четкички
► Сл.22: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јаглеродните
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги јаглеродните
четкички чисти за да влегуваат во држачите
непречено. Двете јаглеродни четкички треба да се
заменат истовремено. Користете само идентични
јаглеродни четкички.
Користете шрафцигер за отстранување на капакот
или отворот за делканици.
► Сл.23: 1. Капак или отвор за делканици
2. Шрафцигер
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка.
Извадете ги истрошените карбонски четкички,
вметнете ги новите и стегнете ги капачињата на
држачите на четкичките.
► Сл.24: 1. Капаче на држач на четкичка
2. Шрафцигер
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
34 МАКЕДОНСКИ
Пред секоја проверка или
За чистење, не користете

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents