Makita M1902 Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for M1902:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да го запрете алатот од блокираната положба,
повлечете го целосно прекинувачот, а потоа,
отпуштете го.
За алат со копче за заклучување
За да не се повлече прекинувачот случајно,
обезбедено е копче за заклучување.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за заклучување и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го
прекинувачот силно без да го притиснете
копчето за заклучување. Тоа може да
предизвика дефект на прекинувачот.
Потпирач
Зависно од земјата
► Сл.3: 1. Нож за електрично ренде 2. Задна
основа 3. Потпирач
Откако ќе завршите со сечењето, подигнете ја
задната страна на алатот за да излезе потпирачот
од задната основа. Тоа спречува оштетување на
ножевите на електричното ренде.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Отстранување или монтирање
ножеви за електрично ренде
ВНИМАНИЕ:
Стегнете ги завртките за
монтирање ножеви внимателно кога ги
прикачувате ножевите на електричното
ренде. Лабава завртка за монтирање може да
претставува опасност. Секогаш проверувајте да
видите дали се убаво стегнати.
ВНИМАНИЕ:
Ракувајте многу внимателно
со ножевите за рендето. Користете ракавици
или крпи за да ги заштитите вашите прсти
или раце кога ги отстранувате или монтирате
ножевите.
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч
„Makita" за отстранување или за монтирање
на ножевите за рендето. Во спротивно, може
да ги стегнете завртките за монтирање пресилно
или недоволно силно. Тоа може да предизвика
повреда.
За алат со конвенционални ножеви
за ренде
За да ги отстраните ножевите за ренде што се на
резервоарот, одвртете ги завртките за монтирање со
имбус-клуч. Капакот на резервоарот се вади заедно
со ножевите.
► Сл.4: 1. Имбус-клуч 2. Завртки
► Сл.5: 1. Завртки 2. Резервоар 3. Нож за
електрично ренде 4. Капак на резервоарот
5. Нагодувачка плоча 6. Жлеб
За да ги монтирате ножевите за рендето, извршете
ја следнава постапка.
1.
Секогаш исчистете ги сите делканици или туѓи
тела кои се во резервоарот или на ножевите за
рендето.
2.
Изберете ножеви за ренде со исти димензии и
тежина. Инаку, ќе се јави осцилација/вибрација на
резервоарот, ќе се предизвика лошо рендање и, на
крајот, дефект кај алатот.
3.
Користете го мерачот за ножеви за правилно
да ги поставите ножевите за рендето. Ставете го
ножот за рендето на мерачот за ножеви. Поставете
го работ за сечење на ножот од внатрешната страна
на мерачот за ножеви.
► Сл.6: 1. Внатрешна страна на мерачот за ножеви
2. Раб на ножот 3. Нож за електрично
ренде 4. Нагодувачка плоча 5. Завртки
6. Заден дел 7. Задна страна на мерачот
за ножеви 8. Мерач за ножеви
4.
Ставете ја нагодувачката плоча на ножот за
ренде. Притиснете ја нагодувачката плоча, така што
задниот дел да биде порамнет со задната страна
на мерачот за ножеви. Стегнете ги двете завртки на
нагодувачката плоча.
5.
Вметнете го задниот дел од нагодувачката
плоча во жлебот на резервоарот, а потоа ставете го
капакот од резервоарот на него.
6.
Стегнете ги сите завртки за монтирање
рамномерно и секоја посебно со имбус-клучот.
7.
Повторете ги горните постапки за другиот нож.
За алат со мали ножеви за ренде
За да ги монтирате малите ножеви за рендето,
извршете ја следнава постапка.
1.
Внимателно исчистете ги површините на
резервоарот и на неговиот капак.
2.
Извадете ги трите завртки за монтирање со
помош на имбус-клучот. Отстранете го капакот на
резервоарот, нагодувачката плоча, плочката за
поставување и малиот нож за ренде.
► Сл.7: 1. Имбус-клуч 2. Завртки
3.
Користете го мерачот за ножеви за правилно
да ги поставите ножевите за рендето. Ставете
го малиот нож за ренде на мерачот за ножеви.
Поставете го работ за сечење на ножот од
внатрешната страна на мерачот за ножеви.
► Сл.8: 1. Завртки 2. Нагодувачка плоча
3. Фиксирачки игли на ножот за ренде
4. Заден дел од нагодувачката плоча
5. Плочка за поставување 6. Внатрешна
страна на мерачот за ножеви 7. Мерач
за ножеви 8. Задна страна на мерачот за
ножеви 9. Мал нож за ренде
32 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents