Makita DF0300 Instruction Manual page 27

Hide thumbs Also See for DF0300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
Безбедносни предупредувања за
ударната дупчалка
1.
Држете го електричниот алат за
изолираните држачи кога вршите работи
каде што додатокот за сечење или спојките
може да дојдат во допир со скриени жици
или со сопствениот кабел. Додатокот за
сечење или спојките што ќе допрат жица
под напон може да ја пренесат струјата до
металните делови на алатот и да предизвикаат
струен удар кај лицето што ракува со алатот.
2.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на цврста
подлога. Уверете се дека под Вас нема никој
кога го користите алатот на високи места.
3.
Цврсто држете го алатот.
4.
Не допирајте ги вртливите делови.
5.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
6.
Не допирајте ја бургијата од дупчалката или
работниот материјал веднаш по работата, може
да е многу жешка и да Ви ја изгори кожата.
Некои материјали содржат хемикалии што
7.
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете ги
упатствата од производителот на материјалот.
8.
Ако бургијата не може да се олабави дури
и ако сте ги отвориле стегите, користете
клешти за да ја извадите. Во таков случај,
вадењето на бургијата со рака може да
резултира со повреда од нејзиниот остар раб.
Безбедносни упатства кога се користат долги
бургии за дупчење
1.
Не работете со брзина поголема од
максималната работна брзина на бургијата
за дупчење. На поголеми брзини бургијата
веројатно ќе се свитка ако се дозволи да се врти
слободно без допирање на работниот материјал,
што ќе резултира со телесна повреда.
Прочитајте ги сите
27 МАКЕДОНСКИ
2.
Секогаш започнете со дупчење на мала
брзина и со врвот на бургијата во допир со
работниот материјал. На поголеми брзини
бургијата веројатно ќе се свитка ако се дозволи
да се врти слободно без допирање на работниот
материјал, што ќе резултира со телесна повреда.
3.
Притискајте само во директна линија со
бургијата и не притискајте прекумерно. Бургиите
може да се скршат или да предизвикаат губење на
контролата, што ќе резултира со телесна повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот (стекнати
со подолга употреба) да ве наведат да не се
придржувате строго до безбедносните правила за
овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени во ова упатство
може да предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Вклучување
► Сл.1: 1. Прекинувач 2. Копче за блокирање
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го прекинувачот
дали функционира правилно и дали се враќа
во положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON" и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
За континуирано работење, повлечете го прекинувачот
за стартување, притиснете го копчето за блокирање
и потоа отпуштете го прекинувачот. За да го запрете
алатот од блокираната положба, повлечете го целосно
прекинувачот за стартување, а потоа, отпуштете го.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.2: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents