Опционален Прибор - Makita DSD180 Instruction Manual

Cordless drywall saw
Hide thumbs Also See for DSD180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Капак на основата на алатот
► Сл.19: 1. V-засек 2. Конвексен дел 3. Сечило
НАПОМЕНА: За прецизно сечење, се препорачува
претходно повлекување линии за сечење на
материјалот.
1.
Поставете го врвот на сечилото на почетната
линија. Навалете го алатот, така што предниот раб
на основата да го допира материјалот. Порамнете
го долниот дел на V-засекот во предниот раб со
линијата за сечење.
► Сл.20
2.
Полека повлечете го прекинувачот, без
сечилото да дојде во контакт со материјалот. Кога
сечилото ќе достигне целосна брзина, турнете го
алатот кон материјалот. Кога сечилото ќе продре
низ материјалот, целата површина на капакот на
основата треба да дојде во контакт со материјалот.
► Сл.21
3.
Движете го алатот право нанапред додека не
се заврши сечењето.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Чистење на капакот на основата
Исчистете ги деланките од сечењето и прашината
што се акумулирала на капакот на основата.
Подигнете го капакот на основата додека ја влечете
куката на задниот крај за да ја отстраните. Додека
монтирате, следете ја постапката за отстранување
по обратен редослед.
► Сл.22: 1. Капак на основата 2. Кука
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте на врвот на
сечилото и деланките од сечењето кога го
отстранувате капакот на основата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Чистењето извршувајте го
периодично. Валканиот капак на основата може да
ја оштети или уништи работната површина.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Сечило на пила за гипс-картон
Сечило на пила за дрво
Кутија за прав
Собирач на прав
Имбус-клуч
Кука
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
37 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dsd180z

Table of Contents