Makita DSD180 Instruction Manual page 36

Cordless drywall saw
Hide thumbs Also See for DSD180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Отстранување на собирачот на
прав
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не работете со
алатот без собирач на прав. Правот може да ви
влезе во очите и да предизвика повреда на очите.
За да го отстраните собирачот на прав, држете ја
рачката на алатот и повлечете ги јазичињата на
алатот наназад. Осигурете се дека истовремено сте
ги повлекле јазичињата од двете страни.
► Сл.9: 1. Јазиче
Кога монтирате, порамнете го работ на собирачот на
прав со жлебот на основата.
► Сл.10: 1. Жлеб
Заменување на сечилото на
пилата за гипс-картон
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исчистете ги сите
делканици или туѓи тела кои се на сечилото
и/или држачот на сечилото. Ако не го сторите
тоа, може да дојде до недоволно затегнување
на сечилото, а тоа може да предизвика сериозна
лична повреда.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го сечилото
или работниот материјал веднаш по работата.
Тие може да бидат многу жешки и може да ви ја
изгорат кожата.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сечилото
е правилно обезбедено. Ако недоволно го
зацврстите сечилото, тоа може да се скрши или да
дојде до сериозна лична повреда.
1.
Отстранете го собирачот на прав.
2.
Отстранете ги завртките на држачот на
сечилото со имбус-клуч.
► Сл.11: 1. Завртки 2. Држач на сечилото
3. Сечило
3.
Поставете ново сечило како што е покажано на
сликата. Проверете дали искривениот раб на сечилото
е насочен нанапред. Поставете го издадениот дел од
држачот на сечилото во отворот на сечилото.
► Сл.12: 1. Отвор 2. Издаден дел (спротивна
страна)
4.
Приспособете ја длабочината на засекот, а
потоа стегнете ги завртките.
5.
Поставете го собирачот на прав.
Монтирање на секачот
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете секач
со наменета должина, ширина и дебелина.
Неправилно инсталираниот секач може да се
скрши. Скршеното сечило може да летне и да
предизвика лична повреда.
Секачот исто така може да се користи со овој алат.
Користете 3 сегменти од секач со ширина од 18 мм
и дебелина од 0,5 мм. Максималната дебелина на
засекот е 12,5 мм кога се сече гипс-картон.
► Сл.13: 1. Трите сегменти на секачот
1.
Разлабавете ги завртките на држачот на
сечилото. Свртете го држачот на сечилото, така што
издадениот дел е свртен нанадвор.
2.
Вметнете го секачот, така што остриот раб ќе
биде свртен нанапред.
3.
Обезбедете го секачот на позиција каде што
крајот на првиот сегмент доаѓа на крајот од држачот
на сечилото, како што е илустрирано.
► Сл.14: 1. Држач на сечилото 2. Крај на првиот
сегмент на секачот 3. Дозволена должина
на сечење
Поставување капаче на сечилото
ВНИМАНИЕ:
го капачето на сечилото кога алатот не се
користи. Голото сечило може да предизвика
лична повреда или да го оштети самото сечило.
Проврете го капачето на сечилото низ сечилото сè
додека куката не го закачи капакот на основата.
Обрнете внимание на капачето на сечилото кога го
поставувате; пошироката кука доаѓа на предната
страна. Кога го отстранувате капачето на сечилото,
подигајте го додека ги заглавувате двете страни.
► Сл.15: 1. Капаче на сечилото 2. Кука
За време на работата, вметнете го капачето на
сечилото на основата како што е илустрирано,
додека не кликне.
► Сл.16: 1. Капаче на сечилото 2. Кука
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
► Сл.17: 1. Имбус-клуч
Поврзување вакуумска смукалка
Поврзете ја правосмукалката Makita за чиста
работа. Отстранете го гумениот капак на собирачот
на прав и поврзете го цревото на правосмукалката
со прскалката на собирачот на прав.
► Сл.18: 1. Собирач на прав 2. Гумен капак
3. Црево на правосмукалката
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
ВНИМАНИЕ:
секогаш држете го работ на основата израмнет
со материјалот. Никогаш не изведувајте
кривулесто сечење. Во спротивно, може да се
скрши сечилото и да дојде до сериозна повреда.
V-засекот и конвексниот дел во капакот на основата
на алатот укажуваат на позицијата на сечилото.
Кога сечете, секогаш проверувајте ја позицијата на
сечилото.
36 МАКЕДОНСКИ
Секогаш поставувајте
Цврсто држете го алатот.
За време на сечењето,

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dsd180z

Table of Contents