Прилагодување На Брзина Во Празен Од - Makita PM7651H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Моторот може да се оштети ако ја движите рачката за саух понатаму од положбата „ЗАТВОРЕНО".
Ако моторот запре со експлозивен звук или ако моторот почнал да работи, но се исклучил пред дејствувањето на рачката за саух,
вратете ја во положбата „ОТВОРЕНО" и повлечете ја рачката за стартување неколку пати за повторно да го стартувате моторот.
Ако корисникот ја повлече рачката за стартување неколку пати со рачката на саухот оставена во положба „ЗАТВОРЕНО", моторот
може да има проблем при стартувањето поради прекумерно всмукување гориво.
Во случај на прекумерно всмукување гориво, извадете ја свеќичката и неколку пати брзо повлечете ја рачката за да се испушти
вишокот гориво. Исушете ја електродата на свеќичката.
Кога вентилот за гас не се враќа назад во положба на контакт со завртката за приспособување на работата во празен од дури ни тогаш
кога прекинувачот за гас е поставен на ниска брзина, корегирајте ја позицијата на зафаќање на контролниот кабел за да обезбедите
правилно враќање на вентилот.
2) Кога моторот е загреан (загреано стартување)
(1) Ставете го моторот на рамна подлога.
(2) Притиснете ја пумпата за полнење неколку пати.
(3) Проверете дали рачката за саух е спуштена.
(4) Држете го капакот на прочистувачот за воздух со левата рака за да спречите движење на моторот, наместете се во стабилна
положба.
(5) Повлечете ја рачката за стартување полека додека не почувствувате притисок. Потоа силно повлечете ја.
(6) Кога моторот тешко се стартува, отворете го вентилот за гас за 1/3.
2. Запирање
1)
Отпуштете го прекинувачот за гас за да ја намалите брзината на
моторот, а потоа поставете ја контролната рачка за запирање во
положба „О".
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА БРЗИНА ВО ПРАЗЕН ОД
ОПАСНОСТ:
Карбураторот е целосно подесен при испораката од фабрика. Ве молиме не подесувајте ништо друго освен подесување на празниот
од. Кога подесувањето е неопходно, ве молиме консултирајте се со овластениот сервисен центар.
Проверка на брзината во празен од
Поставете го бројот на вртежи во празен од на 2 800 мин
Доколку е неопходно да се промени бројот на вртежи, регулирајте ја навртката
за прилагодување (1) со Phillips штрафцигер.
Свртете ја навртката за прилагодување кон десно и вртежите на моторот ќе
се зголемат. Свртете ја навртката за прилагодување кон лево и вртежите на
моторот ќе се намалат.
.
–1
151
(1)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents