Makita UB001C Instruction Manual page 58

Battery powered
Hide thumbs Also See for UB001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање комплет на
распрскувачот на олук
Опционален додаток
1.
Порамнете го жлебот на цевката на адаптерот
со испакнатиот дел на предната цевка, потоа
прикачете ја цевката на адаптерот на предната
цевка, а потоа завртете ја за да се заклучи на своето
место.
Ставете ја цевката на адаптерот до крај така што
испакнатиот дел да влезе во најдлабокиот жлеб на
цевката на адаптерот.
► Сл.5: 1. Шраф 2. Стега за црево 3. Цевка на
адаптерот 4. Предна цевка
2.
Олабавете ги шрафовите на стегите за црево и
извлечете ја големата стега за црево преку цевката
на адаптерот, а потоа извлечете ја малата стега за
црево.
3.
Поврзете ја продолжната цевка со цевката на
адаптерот.
Порамнете го жлебот на продолжната цевка со
испакнатиот дел на цевката на адаптерот, а потоа
лизгајте ја продолжната цевка по должината на
жлебот така да триаголните ознаки се свртени една
кон друга.
► Сл.6: 1. Продолжна цевка 2. Цевка на адаптерот
4.
Поставете ги стегите за црево врз жлебовите
како што е прикажано и стегнете ги шрафовите.
► Сл.7: 1. Шраф 2. Стега за црево
5.
Согласно работната висина, поврзете ги
продолжните цевки со продолжната цевка што веќе
е прикачена.
ВНИМАНИЕ:
Не прикачувајте ја
продолжната цевка ако вкупната должина
вклучително телото на надминува 4 м (14 ft).
6.
Свртете го одводот од распрскувачот на крајот
како што е прикажано на сликата.
► Сл.8
7.
Поврзете го распрскувачот на крајот со
продолжната цевка. Кога поврзувате, порамнете
ги триаголните ознаки на распрскувачот на крајот
и продолжната цевка, а потоа притиснете го
распрскувачот на крајот додека не кликне. Потоа,
ротирајте го распрскувачот на крајот до соодветна
позиција за вашата работа.
► Сл.9: 1. Распрскувач на крајот 2. Продолжна
цевка 3. Триаголна ознака
Кога ќе го вадите распрскувачот на крајот,
порамнете ги триаголните ознаки на распрскувачот
на крајот и продолжната цевка, а потоа извлечете го
распрскувачот на крајот од продолжната цевка.
► Сл.10: 1. Распрскувач на крајот 2. Продолжна
цевка 3. Триаголна ознака
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
машината е исклучена и дали преносливиот
пакет за напојување е откачен од машината
пред секое прилагодување или проверка на
функционирањето на машината.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски го
прекинува напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на машината и на батеријата. Машината
автоматски ќе се исклучи за време на работењето ако тој
или батеријата се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со машината или со батеријата се ракува на начин
што предизвикува повлекување нетипично висока
струја, машината автоматски се исклучува и ламбичката
за главно напојување на машината трепка зелено. Во
таква ситуација, исклучете ја машината и запрете со
примената што предизвикала негово преоптоварување.
Потоа, вклучете ја машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата е прегреана, таа автоматски
запира. Кога машината е прегреана, ламбичката за главно
напојување свети црвено. Кога батеријата е прегреана,
ламбичката за главно напојување на машината трепка
црвено. Оставете ги машината и батеријата да се изладат
пред повторно да ја вклучите машината.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен, машината
автоматски ќе запре и ламбичката за главно напојување
на машината трепка црвено. Во овој случај, извадете ја
батеријата од машината и наполнете ја батеријата или
сменете ја батеријата со целосно наполнета.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ја вклучите машината, притиснете го прекинувачот
за главно напојување. Ламбичката за главно напојување
светнува зелено. За исклучување, повторно притиснете
го прекинувачот за главно напојување.
► Сл.11: 1. Ламбичка за главно напојување
2. Прекинувач за главно напојување
НАПОМЕНА: Оваа машина има вградена
функција за автоматско исклучување. За
избегнување на ненамерното стартување,
прекинувачот за главно напојување автоматски ќе
се исклучи кога прекинувачот за стартување не се
повлекува определено време по вклучување на
прекинувачот за главно напојување.
58 МАКЕДОНСКИ
Секогаш проверувајте дали
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents