Makita AR411HR Instruction Manual page 50

Pneumatic auto feed coil screwdriver
Hide thumbs Also See for AR411HR:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Дополнителни предупредувања за алати со
способност за контактно активирање
1.
Не потпирајте го прстот на прекинувачот
кога го земате алатот, кога се движите
помеѓу работните области и положби
или кога одите, бидејќи потпирањето на
прстот на прекинувачот може да доведе
до ненамерно работење. За алатите со
селективно активирање, секогаш проверете
го алатот пред употреба за да утврдите дали
е избран точниот режим.
2.
Овој алат има селективно активирање за
контактно активирање или континуирано
контактно активирање со избирачи на режим
на активирање, или е алат со контактно
активирање или континуирано контактно
активирање. Во секој случај, симболот
погоре е обележан на алатот. Неговите
наменети употреби се за производни
намени како палети, мебел, префабрикувани
домови, тапацирање и обложување.
Доколку го користите алатов во режим на
3.
селективно активирање, секогаш осигурете
се дека е со правилно поставување на
активирањето.
4.
Не користете го алатот во контактно
активирање за намени како затворање кутии
или сандаци и обезбедување превоз на
безбедносни системи на приколки и камиони.
5.
Бидете внимателни кога менувате од една
на друга работна локација.
Дополнителни предупредувања за одвртувачот
1.
Осигурете се дека работниот материјал е
цврсто фиксиран.
Не носете лабави ракавици или ракавици
2.
без прсти или со изабени прсти. Тие
ракавици може да се заплеткаат во
ротирачкиот погон и да предизвикаат
отсекување или кршење на прстите.
Безбедносни уреди
1.
Пред работата, проверете дали сите
безбедносни системи се во исправна
состојба. Алатот не треба да работи ако е
само повлечен прекинувачот или само ако
потисниот елемент е притиснат на дрвото.
Треба да работи само ако се извршени двете
дејства. Испитајте го функционирањето со
празен магацин и со притискачот во целосно
повлечена положба.
2.
Зацврстувањето на прекинувачот во
положба ВКЛУЧЕНО е многу опасно. Не
обидувајте се да го прицврстите прекинувачот.
3.
Не обидувајте се да го задржите контактот
притиснат со лента или жица. Може да дојде
до смрт или тешки повреди.
4.
Секогаш проверувајте го контактниот
елемент како што е посочено во упатството.
Спојките може да се испукаат случајно ако
безбедносниот механизам не работи правилно.
Сервисирање
1.
Чистењето и одржувањето треба да се
врши по секоја работа. Одржувајте го алатот
во беспрекорна форма. Подмачкувајте ги
подвижните делови за да спречите 'рѓосување
и да го минимизирате абењето поради триење.
Избришете го сиот прав од деловите.
2.
Побарајте периодична проверка на алатот
од овластените сервисни центри на Makita.
3.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и
СИГУРНОСТА на производот, одржувањето
и поправките треба да се вршат во
овластени сервисни центри на Makita,
секогаш со резервни делови од Makita.
4.
Следете ги локалните прописи кога го
фрлате алатот во отпад.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
► Сл.1: 1. Прекинувач 2. Рачка за контакт
3. Избирач на режим на активирање
4. Магацин 5. Кука 6. Прекинувач за режим
на завртување
МЕСТЕЊЕ
Избирање компресор
Компресорот за воздух мора да биде усогласен со
условите на EN60335-2-34.
Треба да се користат контролите за притисокот за да
се ограничи воздушниот притисок кога притисокот
на доводот на воздух го надминува номиналниот
притисок на алатот. Инаку може да дојде до тешки
повреди на операторот на алатот или лицата во
близина.
Избирање црево за воздух
ВНИМАНИЕ:
од компресорот, долго или црево со помал
пречник може да предизвикаат намалување
на силата на алатот во однос на честотата на
зашрафувањето.
Користете црево за воздух отпорно на висок
притисок. Користете црево за воздух што е можно
поголемо и покусо за да се обезбеди непрекинато и
ефикасно зашрафување.
► Сл.2
50 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
Слаб излез на воздухот

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents