Makita M3600 Instruction Manual page 47

Hide thumbs Also See for M3600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Ако го движите материјалот
премногу брзо нанапред, засекот ќе биде со
слаб квалитет или ќе ги оштети глодачката глава
или моторот. Ако пополека го движите алатот
нанапред, може да се изгори засекот или да се
расипе. Правилната брзина на принесување на
материјалот ќе зависи од големината на бургијата,
видот на материјалот и длабочината на засекот.
Пред да почнете да сечете на самиот материјал,
се препорачува да направите мала проба на
отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како
ќе изгледа засекот и ќе можете да ги проверите
димензиите.
НАПОМЕНА: Кога го користите држачот на правец
или насочувачот на поткаструвачот, задолжително
монтирајте го на десната страна во правецот
на принесување на материјалот. Така ќе биде
израмнето со страната на материјалот.
► Сл.8: 1. Правец на принесување 2. Насока на
вртење на глодачката глава 3. Работен
материјал 4. Насочувач на правец
Насочувач на правец
Насочувачот за правец ефикасно се користи за
прави пресеци кога се прават закосувања или
жлебови.
Насочувач за правец (тип А)
Опционален прибор
Монтирајте го насочувачот за правец на држачот
на насочувачот со рачната завртка (B). Ставете го
држачот на насочувачот во дупките на основата
на алатот и стегнете ја рачната завртка (А). За да
ја прилагодите далечината меѓу глодачката глава
и насочувачот за правец, олабавете ја рачната
завртка (B) и свртете ја завртката за прецизно
прилагодување. На саканата далечина, стегнете
ја рачната завртка (B) за да го прицврстите
насочувачот за правец во една позиција.
► Сл.9: 1. Држач на насочувач 2. Завртка за фино
прилагодување 3. Насочувач на правец
Насочувач на правец (тип B)
Опционален прибор
Ставете го насочувачот за правец во дупките на
основата на алатот и стегнете ја рачната завртка. За да
го прилагодите растојанието помеѓу глодачката глава и
насочувачот за правец, олабавете ја рачната завртка. На
саканата далечина, стегнете ја рачната завртка (B) за да
го прицврстите насочувачот за правец во една позиција.
Поширок водач на правецот според саканите димензии
може да се направи со помош на дупките на држачот
на правец, за зацврстување на дополнителни парчиња
дрво.
► Сл.10: 1. Рачна завртка 2. Насочувач на правец
Кога користите бургија со голем дијаметар,
прицврстете ги парчињата дрво за насочувачот за
правец со дебелина од повеќе од 15 мм (5/8"), за
бургијата да не го удри насочувачот за правец.
Кога сечете, движете го алатот со насочувачот за
правец израмнет со страната на материјалот.
► Сл.11: 1. Насочувач на правец 2. Дрво
A=55 мм (2-3/16")
B=55 мм (2-3/16")
C=15 мм (5/8") или подебело
Насочувач на шема
Насочувачот на шема прави муф низ кој минува
глодачката глава, дозволувајќи користење на алатот
со шеми. За да го монтирате насочувачот на шема,
олабавете ги завртките на основата на алатот,
вметнете го насочувачот на шема, а потоа стегнете
ги завртките.
► Сл.12
Прицврстете ја шемата на материјалот. Ставете
го алатот на шемата и движете го алатот додека
насочувачот на шемата се движи покрај шемата.
► Сл.13: 1. Насочувач на шема 2. Завртки 3. Плоча
на основата
НАПОМЕНА: Исечениот материјал ќе има
различна големина од шемата. Земете го
предвид растојанието (X) помеѓу глодачката
глава и надворешноста на насочувачот на шема.
Растојанието (X) може да се пресметува според
следнава равенка:
Растојание (X) = (надворешен дијаметар
на насочувачот на шемата – дијаметар на
глодачката глава) / 2
► Сл.14: 1. Глодачка глава 2. Основа 3. Шема
4. Работен материјал 5. Растојание (Х)
6. Надворешен обем на насочувачот на
шема 7. Насочувач на шема
Насочувач на поткаструвачот
Насочувачот за поткастрување помага за лесно
поткастрување, сечење на кривулести линии во
фурнири за мебел и сл. Валјакот на насочувачот
врти по свиокот и обезбедува прецизен пресек.
Насочувач за правец (тип А)
Опционален прибор
Монтирајте го насочувачот за правец на држачот
на насочувачот со рачната завртка (B). Ставете го
држачот на насочувачот во дупките на основата
на алатот и стегнете ја рачната завртка (А). За да
ја прилагодите далечината меѓу глодачката глава
и насочувачот за правец, олабавете ја рачната
завртка (B) и свртете ја завртката за прецизно
прилагодување. Кога го приспособувате валјакот
на насочувачот нагоре или надолу, олабавете ја
рачната завртка (C). По прилагодувањето, затегнете
ги сите рачни завртки.
► Сл.15: 1. Држач на насочувач 2. Завртка за
фино прилагодување 3. Насочувач на
поткаструвачот 4. Валјак на насочувачот
47 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents