Makita DLS714 Instruction Manual page 99

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Порамнете ја линијата на сечење на вашиот
работен материјал или на левата или на десната
страна од жлебот во таблата со засеци, и додека
го придржувате работниот материјал, придвижете
ја плочата за поставување веднаш до крајот на
работниот материјал. Потоа, прицврстете ја плочата
за поставување со завртката.
Кога плочата за поставување не се користи,
олабавете ја завртката и завртете ја плочата за
поставување настрана.
НАПОМЕНА: Користењето склоп на шипка на
држач (опционален додаток) овозможува сечење
повторувачка должина до приближно 2.200 мм.
Сечење жлебови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
да изведувате ваков тип сечење со користење
поширок тип сечило или сечило за напречни
полужлебови. Ако се обидете да изведете ваков
тип сечење со користење поширок тип сечило
или сечило за напречни полужлебови, може да
дојде до неочекувани резултати од сечењето и да
настане повратен удар кој може да резултира со
тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ја вратите раката за стопирање во почетната
положба кога изведувате друг вид сечење
што не е сечење жлебови. Ако се обидете да
изведувате сечење со раката за стопирање
во неправилна положба, може да дојде до
неочекувани резултати од сечењето и да настане
повратен удар кој може да резултира со тешка
телесна повреда.
За сечење чепови и жлебови за спојување,
постапувајте на следниов начин:
1.
Нагодете ја долната гранична положба на
сечилото со помош на завртката за нагодување
и раката за стопирање за да ја ограничите
длабочината на сечење на сечилото. Погледнете го
претходно опишаниот дел „Рака за стопирање".
2.
Откако ќе ја нагодите долната гранична
положба на сечилото, сечете паралелни жлебови
напречно во работниот материјал со потезно сечење
(со туркање).
► Сл.54: 1. Сечење жлебови со сечило
3.
Отстранете го работниот материјал помеѓу
жлебовите со длето.
Транспорт на алатот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стопирање служи само за пренесување и
складирање и никогаш не смее да се користи
за операции за сечење. Користењето на
осигурувачот за стопирање за операции за сечење
може да предизвика неочекувано движење на
сечилото што може да резултира со повратен удар
и тешка телесна повреда.
Не обидувајте се
Осигурете се да
Осигурувачот за
99 МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш фиксирајте ги сите
подвижни делови пред да го пренесувате
алатот. Ако делови на алатот се движат или се
лизгаат додека се пренесува, може да дојде до
губење на контролата или рамнотежата што може
да резултира со телесна повреда.
► Сл.55
1.
Извадете ја касетата за батеријата.
2.
Прицврстете ги сечилото на агол на закосеност
од 0° и вртливата основа во крајната десна положба
на аголот на спојот.
3.
Прицврстете ги лизгачките шипки така што
долната лизгачка шипка е блокирана во положбата
на носачот целосно повлечен кон операторот и
горните шипки да се блокирани во положбата
на носачот турнат целосно напред до насочниот
граничник.
4.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
5.
Носете го алатот држејќи ги двете страни на
неговата основа. Ако ги извадите држачите, вреќата за
прав итн, пренесувањето на алатот ќе биде полесно.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
го сечилото остро и чисто за да се добива
најдобра и најбезбедна изведба. Ако се обидете
да сечете со истапено и/или нечисто сечило, може
да настане повратен удар и да резултира со тешка
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Нагодување на аголот на сечење
Овој алат е внимателно фабрички нагоден и
порамнет, но грубото работење со него може да
влијае врз порамнувањето. Ако вашиот алат не е
правилно порамнет, направете го следното:
Агол на спој
1.
Турнете го носачот кон насочниот граничник
и стегнете ги двете клемасти завртки за да го
прицврстите носачот.
2.
Ротирајте ја вртливата основа, така што
покажувачот ќе покажува 0° на скалата за спојот.
3.
Ротирајте ја вртливата основа малку надесно
и налево за вртливата основа да навлезе во засекот
на спојот под агол од 0°. (Ако покажувачот не
покажува 0°, оставете го како што е).
Секогаш одржувајте

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents