Makita DLS714 Instruction Manual page 100

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Олабавете ја завртката со имбус-глава што
го прицврстува насочниот граничник со помош на
имбус-клуч.
► Сл.56: 1. Насочен граничник 2. Завртка со
имбус-глава
5.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
6.
Нагодете го насочниот граничник додека не
направи нормален агол со сечилото, користејќи
триаголен линијар, правоаголен линијар или сл.
Потоа цврсто стегнете ја завртката со имбус-глава
на насочниот граничник по ред почнувајќи од
десната страна.
► Сл.57: 1. Триаголен линијар
7.
Осигурете се покажувачот да покажува 0° на
скалата за спојот. Доколку покажувачот не покажува
0°, олабавете ја завртката што го прицврстува
покажувачот и нагодете го покажувачот, така што ќе
покажува 0°.
► Сл.58: 1. Завртка 2. Скала за спој 3. Покажувач
Агол на закосеност
Агол на закосеност од 0°
► Сл.59: 1. Лост 2. Држач на рака 3. Завртка за
нагодување агол на закосеност од 0°
4. Рака 5. Копче за ослободување
1.
Турнете го носачот кон насочниот граничник
и стегнете ги двете клемасти завртки за да го
прицврстите носачот.
2.
Спуштете ја целосно рачката и блокирајте ја во
спуштената положба со туркање на осигурувачот за
стопирање.
3.
Олабавете ја рачката на задниот дел од алатот.
4.
Свртете ја завртката за нагодување агол
на закосеност од 0° (долна завртка) од десната
страна на раката два или три круга налево за да го
навалите сечилото надесно.
5.
Внимателно свртете ја завртката за нагодување
агол на закосеност од 0° во правец на стрелките на
часовникот, додека страната на сечилото не направи
нормален агол со горната површина на вртливата
основа. Користете триаголен линијар, правоаголен
линијар или сл. како насочувач. Потоа, цврсто
стегнете го лостот.
► Сл.60: 1. Триаголен линијар 2. Сечило 3. Горна
површина на вртливата маса
6.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
0° на скалата за закосеност. Доколку не покажува
0°, олабавете ја завртката што го прицврстува
покажувачот и нагодете го покажувачот, така што ќе
покажува 0°.
► Сл.61: 1. Скала за закосеност 2. Покажувач
3. Завртка
Агол на закосеност од 45°
► Сл.62: 1. Завртка за нагодување лев агол на
закосеност од 45°
Нагодете го аголот на закосеност од 45° само откако
ќе го нагодите аголот на закосеност од 0°.
1.
Олабавете го лостот и целосно навалете го
сечилото налево.
2.
Осигурете покажувачот на раката да покажува
45° на скалата за закосеност. Доколку покажувачот
не покажува 45°, вртете ја завртката за нагодување
агол на закосеност од 45° (горна завртка) од десната
страна на раката додека покажувачот не покаже 45°.
По употреба
По употребата, избришете ги делканиците и
правот залепени на алатот со крпа или нешто
слично. Одржувајте го штитникот за сечило чист
во согласност со упатствата во претходниот дел
насловен „Штитник за сечило". Подмачкајте ги
лизгачките делови со машинско масло за да
спречите корозија.
Кога го стартувате алатот, повлечете го носачот
целосно кон вас, така што лизгачката шипка целосно
да влезе во вртливата основа.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
или прибор на Makita се препорачани за
употреба со вашиот алат на Makita назначен
во ова упатство. Користењето какви било други
додатоци или прибор може да резултира со тешка
телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
додатокот или приборот на Makita само за
неговата пропишана намена. Злоупотребата на
додаток или прибор може да резултира со тешка
телесна повреда.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Сечила со карбидни запци
Склоп на менгеме (хоризонтално менгеме)
Вертикално менгеме
Склоп на држачот
Склоп на шипка на држачот
Плоча за поставување
Вреќа за прав
Триаголен линијар
Имбус-клуч
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
100 МАКЕДОНСКИ
Овие додатоци
Користете го

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents