Makita DLS714 Instruction Manual page 87

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
15. Кога алатот е опремен со ласер или со LED,
не заменувајте го ласерот или LED-от со
поинаков тип. За поправка, побарајте помош
од овластен сервисен центар.
16. Никогаш не отстранувајте струганици или
други делови од работниот материјал од
областа на сечење додека работи алатот со
незаштитено сечило.
17. Не користете ги рацете за работи што треба
да ги врши алатот. Работниот материјал
мора да биде добро прицврстен до вртливата
основа и насочниот граничник со менгемето за
време на целата работа. Никогаш не држете го
работниот материјал со вашата рака.
18. Осигурете алатот да е стабилен пред секое
сечење.
19. Прицврстете го алатот на работна маса ако
е потребно.
20. Прицврстете ги долгите работни материјали
до соодветни дополнителни потпори.
21. Никогаш не сечете толку мал работен материјал
што не може безбедно да се прицврсти со
менгеме. Неправилно прицврстениот работен
материјал може да предизвика повратен удар и
тешка телесна повреда.
22. Никогаш не пресегнувајте преку сечилото.
23. Исклучете го алатот и почекајте
сечилото да запре пред да го поместите
работниот материјал или да ги промените
нагодувањата.
24. Исклучете го електричниот приклучок од
електричниот извор и/или извадете ги
батериите од електричниот алат пред да го
менувате или сервисирате сечилото.
25. Осигурувачот за стопирање, кој ја блокира
главата на секачот надолу, служи само
за пренесување и складирање, а не за
операции за сечење.
26. Не користете го алатот во присуство на
запаливи течности или гасови. Електричното
функционирање на алатот може да создаде
експлозија и пожар ако се изложи на запаливи
течности или гасови.
27. Користете само фланши наменети за овој
алат.
28. Внимавајте да не ги оштетите вратилото,
фланшите (особено површината за монтирање)
или завртката. Оштетувањето на тие делови
може да доведе до кршење на сечилото.
29. Осигурете се вртливата основа да е
правилно прицврстена за да не се движи за
време на работата.
30. За ваша безбедност, отстранете ги струготините,
малите парчиња и слично од основата на
масата пред да започнете со работа.
31. Избегнувајте сечење шајки. Проверете и
извадете ги сите шајки од материјалот пред
да работите.
32. Осигурете кочницата на оската да
е ослободена пред да го вклучите
прекинувачот.
33. Осигурете се дека сечилото не е во допир
со вртливата основа кога е во најниска
положба.
34. Цврсто држете ја рачката. Имајте предвид
дека при стартување и запирање, сечилото
се движи малку нагоре или надолу.
35. Внимавајте сечилото да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
прекинувачот.
36. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Проверете дали има вибрации
или осцилации што може да укажуваат на
лошо монтирање или неизбалансирано
сечило.
37. Почекајте ножевите да постигнат
максимална брзина пред да почнете да
сечете.
38. Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
39. Не обидувајте се да го блокирате
прекинувачот во положбата „вклучено".
40. Бидете претпазливи цело време, особено
при повторувачки, монотони работни
операции. Не доведувајте се во заблуда од
лажно чувство на сигурност. Сечилата се
екстремно опасни.
41. Секогаш користете додатоци што се
препорачани во ова упатство. Користењето
несоодветни додатоци, како што се сечила
за абразивно сечење, може да предизвика
повреда.
42. Внимавајте при дупчењето.
43. Некоја прашина што се создава при
работата содржи хемикалии за кои се знае
дека предизвикуваат рак, деформитети при
раѓање или се штетни за репродуктивниот
систем. Некои од тие хемикалии се:
олово од материјали обоени со боја
врз база на олово и
арсен и хром од хемиски обработено
дрво.
Ризикот од изложувањето зависи од тоа
колку често работите работи од ваков тип.
За да ја намалите изложеноста на овие
хемикалии: работете во добро проветрени
простории и со одобрена безбедносна
опрема, како што се маски за прав што се
специјално направени за да филтрираат
микроскопски честички.
44. За да ја намалите бучавата, секогаш
проверувајте дали сечилото е остро и
чисто.
45. Операторот е адекватно обучен за
користење, нагодување и ракување со
машината.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
87 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents