Makita EB7650TH Original Instruction Manual page 112

Hide thumbs Also See for EB7650TH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
1. Стартување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не обидувајте се да го стартувате моторот на места каде
што се точел бензин.
Тоа може да предизвика искра или пожар. Кога го стартувате
моторот, одржувајте растојание од барем 3 м.
Издувните гасови од моторот се токсични. Не ракувајте со моторот
во слабо вентилиран простор, како на пример тунел, зграда итн.
Користењето на моторот во слабо вентилиран простор, може да
предизвика труење од издувните гасови.
Во случај на откривање на каков било невообичаен звук, мирис,
вибрација после стартување, веднаш исклучете го моторот и
извршете проверка.
Ако моторот се користи без да се забележат ваквите невообичаени
појави, може да дојде до несреќа.
Не допирајте го жешкиот капак на моторот. Во спротивно, можете
да се изгорите.
Проверете дали има истечено гориво пред да го стартувате
моторот.
Проверете дали моторот се исклучува кога прекинувачот ќе се
постави на позиција „О".
1) Кога моторот е ладен или после полнење гориво (ладно
стартување)
(1) Ставете го апаратот за дување на рамна површина.
(2) Кај модел со регулатор за гас поставен на цевката
Контролната рачка за стопирање (1) поставете ја во
позиција „I".
(2) Кај модел со регулатор за гас поставен во висина на
колковите
Прекинувачот за стопирање (1) поставете го во позиција „I".
И проверете дали рачката на гасот (2) е поставена на
најниска брзина.
(3) Продолжете да ја притискате пумпата за полнење (3) додека
во неа не навлезе горивото.
Генерално, горивото навлегува во карбураторот после 7
до 10 притискања.
При прекумерно пумпање, вишокот бензин ќе се врати
назад во резервоарот за гориво.
(4) Подигнете ја рачката за саух (4) во затворена положба.
(5) Притиснете ја педалата со вашето десно стапало и држете
го горниот дел од капакот на единицата со левата рака за да
спречите движење на моторот.
(6) Полека влечете ја рачката за стартување додека не
почувствувате притисок.
Потоа силно повлечете ја.
Никогаш не влечете го јажето до крај.
Полека вратете дршката за стартување во куќиштето. Во
спротивно, кога ќе се отпушти, дршката за стартување
може да го удри вашето тело или несоодветно да се
премота.
(7) Кога ќе се вклучи моторот, спуштете ја рачката за саух во
отворена позиција.
Отворајте го саухот до крај проверувајќи го при тоа
работењето на моторот.
Кога моторот е ладен или кога не е доволно загреан,
никогаш не отворајте го саухот одеднаш. Во спротивно,
моторот може да се изгасне.
(8) Продолжете со загревање на моторот од 2 до 3 минути.
(9) Загревањето е целосно кога ќе се почувствува брзо
забрзување на моторот од мал број на вртежи до целосно
стискање на гасот.
(1)
EB7650TH
(4)
(6)
11
(2)
(1)
EB7650WH
(3)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eb7650wh

Table of Contents