Упатства За Безбедност - Makita EB7650TH Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EB7650TH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Општи упатства
За да обезбеди правилно и безбедно функционирање, корисникот
мора да го прочита, разбере и да го следи ова упатство за употреба,
за да може целосно да се запознае со начинот на ракување
со апаратот за дување (1). Корисниците што не се доволно
информирани можат да се повредат себе си и другите како резултат
на неправилно ракување.
Се препорачува апаратот за дување да им го давате на заем на
лица кои имаат искуство со апарати за дување.
Секогаш давајте им го и упатството за употреба.
Корисниците кои за прв пат го употребуваат алатот треба да
побараат од продавачот основни упатства за да дознаат како се
ракува со апаратот за дување.
Деца и лица помлади од 18 години не смеат да го користат апаратот
за дување. Меѓутоа, лица над 16 години можат да го користат алатот
само за едукативни цели, но само под надзор на квалификуван
инструктор.
При работа со апаратот за дување, морате да бидете крајно
внимателни.
Работете со апаратот само кога сте во добра физичка состојба.
Сите работи извршувајте ги смирено и внимателно. Корисникот
треба да ја прифати одговорноста и за другите лица околу себе.
Никогаш не користете го апаратот за дување кога сте под влијание
на алкохол или дрога (2).
Не користете го апаратот кога сте уморни.
Чувајте го упатството за употреба за да го прочитате кога ќе ви биде
потребно.
Опрема за лична заштита
Облеката треба да биде функционална и соодветна, односно треба
тесно да прилега на телото, но не и да биде неудобна. Не носете
накит, развеана облека или долга коса кои можат да зафатени во
доводот на воздух.
За да избегнете повреди на главата, очите или стапалата, како и
оштетување на слухот, за време на користењето на апаратот за
дување, користете ја следната заштитна опрема и облека.
Обрнете посебно внимание на следните прописи
Облеката мора да биде точна и тесно да прилега, но не смее да
го попречува слободното движење. Избегнувајте да носите широки
јакни, широки или развеани панталони, шалови, развеана долга коса
или сé што може да биде зафатено во доводот на воздух. (4) Носете
комбинезон панталони или долги панталони за да ги заштитите
вашите нозе.
Не носете кратки панталони. (4)
Општо земено, моторите се бучни и нивната бука може да го оштети
вашиот слух. Носете звучна заштита (антифони или тампони) за
заштита на вашиот слух. Лицата кои редовно и често го користат
апаратот треба редовно да го проверуваат својот слух. (3)
Се препорачува користење на ракавици при работа со апаратот.
Носете цврсти обувки кои не се лизгаат. (4)
Неопходна е заштита на очите. Иако воздухот струи во спротивна
насока од корисникот, во текот на работата може да дојде до промена
на насоката на издувниот воздух. (3)
Никогаш не користете го апаратот за дување без заштитни очила
или посебни очила со соодветна горна или странична заштита, кои
се во согласност со EN166 и регулативите во вашата земја.
За да го намалите ризикот од повреда поврзан со вдишување на
прашина, користете маска на лицето во правливи услови.
Стартување на апаратот за дување
Уверете се дека во работниот простор во опсег од 15 метри нема
деца или други лица (5). Исто така обрнете внимание и на животните
во близина на работниот простор. Никогаш не користете го апаратот
за дување во урбани области.
Пред да започнете со работа, секогаш проверувајте дали апаратот
за дување е безбеден за работа:
Проверете ја исправноста на рачката за гас. Таа треба лесно и
непречено да се движи. Проверете дали правилно функционира и
бравата на рачката за гас. Проверете дали рачките се чисти и суви
и дали функционира прекинувачот I-O. Рачките не смеат да бидат
замастени со масло и гориво.
(1)
(2)
(3)
(4)
15 метри
(5)
10

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eb7650wh

Table of Contents