Makita DUC256 Instruction Manual page 75

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC256:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Операторите мора да бидат обучени за да се
запознаат со користењето на безбедносната
опрема и техниките на качување. Секогаш
користете ги соодветните ремени, јажиња и
карабинери кога работите на дрва. Секогаш
користете опрема за прицврстување и за
операторот и за пилата.
Извршете чистење и одржување пред да
2.
го складирате алатот во согласност со
упатството за употреба.
Осигурете безбедна положба на моторната
3.
пила при транспортирање со автомобил за
да избегнете истекување на горивото или
маслото за синџирот, оштетување на алатот
и телесна повреда.
Редовно проверувајте го функционирањето
4.
на сопирачката на синџирот.
Не полнете масло за синџирот во близина
5.
на оган. Не пушете никогаш кога полните
масло за синџирот.
Употребата на моторната пила може да е
6.
ограничена со државни прописи.
Ако опремата се здобие со тежок удар
7.
или пад, проверете ја нејзината состојба
пред да продолжите со работа. Проверете
дали контролите и безбедносните уреди
функционираат исправно. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од наш
овластен сервисен центар.
Секогаш активирајте ја сопирачката на
8.
синџирот пред да ја стартувате моторната
пила.
Држете ја пилата цврсто на место за да
9.
избегнете лизгање (странично лизгање) или
отскокнување на пилата кога започнувате
засек.
10. На крајот од засекот, бидете внимателни во
одржувањето рамнотежа заради опасност
од „паѓање".
Ако ги потфатите прстите, може да дојде
11.
до повреда. Земете ги предвид насоката и
брзината на ветерот.
Заштитна опрема
За да се спречат повреди на главата,
1.
очите, рацете или стапалата, како и за да го
заштитите својот слух, мора да се користи
следната заштитна опрема за време на
работењето со моторната пила:
Видот на облеката треба да биде
соодветен, односно треба тесно да
прилега, но да не пречи во работата.
Немојте да носите накит или облека кои
можат да се заплеткаат во грмушки или
џбунови. Ако имате долга коса, секогаш
носете мрежичка за коса!
Неопходно е да се носи заштитен шлем
секогаш кога се работи со моторната
пила. Заштитниот шлем мора редовно
да се проверува дали има некакво
оштетување и мора да се заменува
најдоцна на секои 5 години. Користете
само одобрени заштитни шлемови.
Штитникот за лице на заштитниот шлем
(или очила) штити од прав од сечењето
и дрвени струганици. За време на
работењето со моторната пила, секогаш
носете заштитни очила или штитник за
лице за да спречите повреди на очите.
Носете адекватна опрема за заштита од
бучава (наушници, тампони за уши итн).
Заштитната јакна се состои од 22
најлонски слоја и го штити операторот
од исекотини. Треба да се носи секогаш
кога се работи на подигнати платформи
(кранови, дигалки), на платформи
монтирани на скали или кога се качувате
со јажиња.
Заштитното работно одело со
прерамки е направено од најлонски
влакна со 22 слоја и штити од исекотини.
Силно ја препорачуваме нивната
примена.
Заштитните ракавици направени од
дебела кожа се дел од пропишаната
опрема и мора да се носат секој пат кога
се работи со моторната пила.
Кога се работи со моторната пила, мора
секогаш да се носат заштитни чевли
или заштитни чизми со ѓонови што
не се лизгаат, челично зацврстување
во пределот на прстите и заштита за
нозете. Безбедносните чевли опремени
со заштитен слој обезбедуваат заштита
од исекотини и осигуруваат сигурна
положба со нозете. За работи на дрва,
безбедносните чизми мора да се
соодветни за техниките за качување.
Вибрации
1.
Лицата со слаба циркулација што се изложени
на прекумерни вибрации, можат да се здобијат
со повреди на крвните садови или на нервниот
систем. Вибрациите можат да го предизвикаат
следново на прстите, рацете или зглобовите:
„Отрпнатост" (вкоченост), пецкање, болка,
чувство на прободување, промени во бојата на
кожата или промени на кожата. Ако се појави
кој било од наведените симптоми, посетете
лекар! За да се намали ризикот од „вибрациска
болест", рацете треба да ви бидат топли при
работењето и треба да се одржуваат опремата
и додатоците.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
75 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc306Duc356Duc406Duc256c

Table of Contents