Makita DUC256 Instruction Manual page 74

Cordless chain saw
Hide thumbs Also See for DUC256:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога сечете гранка што е под тензија, бидете
6.
подготвени дека може да се врати. Кога ќе се
ослободи напнатоста во дрвото, еластичната
гранка може да го удри лицето кое ракува
со електричниот алат и/или да предизвика
моторната пила да работи без контрола.
Посебно внимавајте кога сечете грмушки и
7.
фиданки. Тенкиот материјал може да го фати
синџирот на пилата и да го повлече кон вас или
да ја наруши вашата рамнотежа.
Носете ја моторната пила држејќи ја за
8.
предната рачка. Моторната пила треба
да биде исклучена и подалеку од вашето
тело. Кога ја превезувате или складирате
моторната пила, секогаш ставете го капакот
на насочувачката шипка. Ако правилно
ракувате со моторната пила, ќе се намали
можноста случајно да дојдете во контакт со
подвижниот синџир на пилата.
Следете ги упатствата за подмачкување,
9.
затегнување на синџирот и за менување на
додатните делови. Ако синџирот е неправилно
затегнат или подмачкан, може да се скрши или да
ги зголеми шансите да се појави повратен удар.
10. Рачките нека бидат суви, чисти и без масло
и маснотии. Маслосаните рачки се лизгави и
може да предизвикаат губење контрола.
Сечете само дрво. Не користете ја моторната пила
11.
за цели за кои не е наменета. На пример: не користете
ја моторната пила за сечење пластика, ѕидарски
материјали или градежен материјал што не е дрвен. Ако
ја користите моторната пила за работи за кои таа не е
наменета, може да се доведете во опасна ситуација.
12. Причини за повратниот удар и мерки на
претпазливост што може да ги преземе операторот:
До повратен удар може да дојде кога насочувачката
шипка ќе допре објект или кога дрвото ќе се затвори
и ќе се заглави синџирот на моторот во пресекот.
Во некои случаи, контактот со врвот може да
предизвика ненадејна обратна реакција при што
насочувачката шипка се изместува нагоре и оди
наназад кон лицето кое ракува со електричниот
алат. Ако синџирот на пилата се заглави на врвот
на шипката за насочување, таа може нагло да се
придвижи кон лицето што ракува со електричниот
алат. Секоја од овие реакции може да предизвика
да изгубите контрола над пилата, при што може
да дојде до посериозни физички повреди. Не
потпирајте се само на безбедносните уреди
вградени во пилата. Како корисник на моторната
пила, треба да преземете неколку чекори за да не
дојде до повреда или да се повредите кога сечете.
Повратниот удар е резултат од неправилна
употреба на алатот и/или неправилни работни
постапки и услови и може да се избегне со
преземање соодветни мерки на претпазливост,
како што е наведено подолу:
Цврсто држете го електричниот алат, со
палците и прстите околу рачките на моторната
пила, со двете раце на пилата и поставете
ги вашето тело и рака, така што ќе можете
да ги задржите повратните импулси. Лицето
што ракува со електричниот алат може да
ги контролира повратните импулси, ако се
преземат соодветни мерки на претпазливост.
Не испуштајте ја моторната пила.
► Сл.1
Немојте да досегате и да сечете над
висина на рамената. Така ќе спречите
ненамерно допирање на врвот и ќе имате
подобра контрола над моторната пила во
неочекувани ситуации.
Користете само шипки и синџири за замена
што ги препорачува производителот.
Несоодветните шипки и синџири за
замена можат да предизвикаат кршење на
синџирот и/или појава на повратен удар.
Следете ги упатствата на производителот
за острење и за одржување на моторната
пила. Ако дојде до намалување на
висината на мерачот на длабочина, може
да се појави поголем повратен удар.
13. Пред да почнете да работите, проверете
дали моторната пила е во соодветна
работна состојба и дека нејзината состојба
е во согласност со безбедносните
регулативи. Особено проверете дали:
сопирачката на синџирот работи
правилно;
сопирачката за намалување работи
правилно;
шипката и преградата на ѕвездестиот
лагер се правилно наместени;
синџирот е наострен и затегнат во
согласност со регулативите.
14. Не стартувајте ја моторната пила со
капакот на синџирот поставен на него. Ако
се стартува моторната пила со капакот на
синџирот поставен на него, тој може да биде
отфрлен нанапред и да резултира со телесна
повреда и оштетување на предметите околу
операторот.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
Кога го користите алатот со адаптер за
1.
батерија, внимавајте да не се сопнете од
кабелот за време на работењето.
Кога го користите алатот со адаптер за
2.
батерија, држете го кабелот подалеку од
пречки, како што се работен материјал и
гранки за време на работењето. Ако кабелот
заглави во пречки, тоа може да предизвика
сериозна повреда.
Посебни безбедносни
предупредувања за горната рачка
на моторната пила
Оваа моторна пила е дизајнирана конкретно
1.
за одржување и поткастрување дрвја.
Моторната пила е наменета да се користи
само од страна на соодветно обучени
лица. Следете ги сите упатства, постапки и
препораки од релевантната професионална
организација. Во спротивно, може да
настанат незгоди со фатални последици.
Се препорачува секогаш да се користи
платформа за подигање (кран, дигалка) за
сечење во дрвја. Техниките на качување
на дрво со помош на јажиња се многу
опасни и за нив е потребна посебна обука.
74 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc306Duc356Duc406Duc256c

Table of Contents