Makita JR103D Instruction Manual page 33

Hide thumbs Also See for JR103D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
►Сл.11
Можете да користите ножеви за убодна пила (тип
Б) или ножеви за реципрочна пила во согласност со
вашата работа. Вметнете го ножот за реципрочна
пила/ножот за убодна пила рамно во стегата за
ножот и стегнете ја со имбус-клуч. Повлечете го
малку ножот за реципрочна пила/ножот за убодна
пила за да се осигурите дека ножот за реципрочна
пила/ножот за убодна пила не паѓа за време на
работењето.
За да го извадите ножот за реципрочна пила/ножот
за убодна пила, следете ја постапката за монтирање
по обратен редослед.
Складирање на имбус-клучот
►Сл.12: 1. Имбус-клуч 2. Издаден дел
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Секогаш притиснете ја
кабелската спојница цврсто на материјалот во
текот на работењето. Ако кабелската спојница
ја држите подалеку од материјалот во текот на
работењето, ќе се појават силни вибрации и/или
свиткување, по што ножот може да пукне опасно.
ВНИМАНИЕ: Секогаш носете ракавици
за да ги заштитете рацете од летачки врели
делканици кога се сече метал.
ВНИМАНИЕ: Секогаш носете соодветна
заштита за очи која е во согласност со
важечките национални стандарди.
ВНИМАНИЕ: Секогаш користете соодветен
разладувач (масло за сечење) кога сечете
метал. Во спротивно, може да дојде до
значително абење на ножот.
►Сл.13
Притиснете ја кабелската спојница врз материјалот.
Не дозволувајте да отскокне алатот. Ножот за
реципрочна пила нека дојде во лесен контакт со
работниот материјал. Прво, направете пробен
жлеб со помала брзина. Потоа со поголема брзина
продолжете да сечете.
►Сл.14
►Сл.15
Може да го користите лостот или прекинувачот во
зависност од Вашата работа.
НАПОМЕНА: Ако алатот работи континуирано
додека батеријата не се испразни, оставете го
да се одмори 15 минути пред да продолжите со
свежа батерија.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта,
бензин, разредувач, алкохол или слично.
Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Ножеви за реципрочна пила
Ножеви за убодна пила (само за модел
JR105D)
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
МАКЕДОНСКИ
33

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jr105d

Table of Contents