Makita JR103D Instruction Manual page 30

Hide thumbs Also See for JR103D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжичната реципрочна пила
1.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици. Додатоците за
сечење што ќе допрат жица под напон можат
да ја пренесат струјата до металните делови
на алатот и да предизвикаат струен удар на
операторот.
2.
Користете стеги или друг практичен начин
за да го зацврстите и потпрете материјалот
на стабилна платформа. Ако го држите
материјалот со рака или го навалувате на
телото, ќе биде нестабилен и може да доведе
до губење контрола.
3.
Секогаш користете очила или заштитни
очила. Обични очила или очила за сонце НЕ
СЕ заштитни очила.
Избегнувајте сечење шајки. Проверете дали
4.
материјалот има шајки и отстранете ги пред
да почнете да работите.
5.
Не сечете материјали што се преголеми.
6.
Проверете дали е празно под материјалот
пред да сечете, за да не удри ножот во
подот, работната маса итн.
7.
Цврсто држете го алатот.
8.
Внимавајте ножот да не го допира
работниот материјал пред да се вклучи
прекинувачот.
Држете ги рацете подалеку од подвижните
9.
делови.
10. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
11.
Секогаш исклучувајте го електричниот алат
и чекајте сосем да сопре ножот пред да го
тргнете ножот од материјалот.
12. Не допирајте ги ножот или материјалот
веднаш по работата, затоа што можат
да бидат многу жешки и да Ви ја изгорат
кожата.
13. Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
30 МАКЕДОНСКИ
14. Секогаш користете ги соодветните маска
за прав/респиратор за материјалот кој го
користите за одредена примена.
15. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за
5.
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
8.
батеријата.
Не користете оштетена батерија.
9.
10. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jr105d

Table of Contents