Makita JR103D Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for JR103D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
ВНИМАНИЕ: Пред да ја вметнете батеријата
во алатот, секогаш проверувајте го лостот/
прекинувачот дали функционира исправно и
дали се враќа во положбата „OFF" (исклучено)
кога ќе се отпушти.
►Сл.3: 1. Копче за деблокирање 2. Рачка за
деблокирање 3. Рачка на прекинувачот
4. Прекинувач
За да спречите случајно повлекување на лостот/
прекинувачот, обезбедено е лост/копче за
заклучување.
За да го вклучите алатот, повлечете го или лостот
или прекинувачот.
За вклучување со лостот за стартување,
повлечете го лостот за заклучување и потоа
повлечете го лостот за стартување за да го
вклучите алатот.
За вклучување со прекинувачот, отстегнете го копчето
за заклучување и потоа повлечете го прекинувачот за
да го вклучите алатот. Копчето за заклучување може да
се притисне од лево или од десно.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување на
притисокот на лостот/прекинувачот. Отпуштете го
лостот/прекинувачот за исклучување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА: Не повлекувајте го лостот/
прекинувачот силно без да ја повлечете рачката/
копчето за заклучување. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ: Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
►Сл.4: 1. Ламба
Повлечете го лостот/прекинувачот за вклучување
на ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
лостот/прекинувачот е повлечен.
Ламбата ќе се исклучи приближно 10 секунди
по отпуштањето на рачката на прекинувачот/
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прилагодување на кабелската
спојница
►Сл.5: 1. Имбус-клуч 2. Шестоаголна завртка
3. Олабавување
Кога ножот не е веќе ефикасен на едно место
вдолж работ за сечење, сменете ја позицијата на
спојницата за користење на остриот, неупотребуван
дел од работ за сечење. Тоа ќе помогне да се
продолжи работниот век на ножот.
За да ја смените позицијата на спојницата,
олабавете ја завртката со имбус-клуч. Лизнете ја
спојницата до саканата позиција и потоа цврсто
стегнете ја завртката.
32 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
ножот за реципрочна пила/ножот
за убодна пила
ВНИМАНИЕ: Секогаш исчистете ги сите
струганици или туѓи материи кои се на ножот,
стегата на ножот и/или лизгачот. Во спротивно,
може да дојде до недоволно затегнување на
ножот, а тоа може да предизвика сериозна лична
повреда.
За модел JR103D
►Сл.6: 1. Нож за реципрочна пила 2. Ракав на
стегата на ножот
Ставете го ножот за реципрочна пила во стегата за
ножот докрај. Ракавот на стегата за ножот се врти и
го фиксира ножот за реципрочната пила. Осигурете
се дека реципрочниот нож за пилата не може да се
извади дури и кога се обидувате да го извлечете.
ВНИМАНИЕ: Ако не го ставите ножот за
реципрочна пила доволно длабоко, ножот
за реципрочна пила може да се исфрли
неочекувано во текот на работењето. Ова може
да биде многу опасно.
НАПОМЕНА: Не може да го користите ножот за
убодна пила со JR103D.
►Сл.7: 1. Нож за реципрочна пила 2. Ракав на
стегата на ножот
За да го извадите ножот за реципрочна пила, свртете
го ракавот на стегата на ножот во правец на стрелката
докрај. Ножот за реципрочна пила е изваден и ракавот
на стегата на ножот е фиксиран на саканата позиција.
НАПОМЕНА: Ако го извадите ножот за
реципрочна пила без да го свртите ракавот на
стегата на ножот докрај, ракавот може да не се
фиксира. Во таков случај, свртете го ракавот
на стегата на ножот докрај, потоа фиксирајте го
ракавот во отпуштената позиција.
За модел JR105D
►Сл.8: 1. Имбус-клуч 2. Завртка
3. Олабавување 4. Затегнување
►Сл.9: 1. Нож за реципрочна пила 2. Имбус-клуч
3. Дупка за ножот за реципрочна пила 4. Стега на
ножот
За да го монтирате ножот за реципрочна пила/ножот
за убодна пила, олабавете ја завртката со имбус-
клуч. Кога го монтирате ножот за реципрочната
пила, притиснете ја завртката со имбус-клучот за да
се отвори отворот додека се вметнува ножот.
►Сл.10: 1. Нож за реципрочна пила/нож за убодна
пила 2. Стега на ножот 3. Дупка за ножот за
реципрочна пила 4. Дупка за ножот за убодна
пила

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jr105d

Table of Contents